Не ги трпат „непослушните“: Им поделиле откази на штрајкувачите
Компанијата Гугл отпуштила неколку вработени кои ги повикувале своите колеги на штрајк и прекин на работата.
Гугл ангажирал и неколку компании кои се специјализирани за разбивање на штрајкови. Вработените во оваа компанија протестираат поради условите за работа, особено на оние кои работат преку трети компании.
Дека ИТ гигантите немаат разбирање за штрајкувачи, не е не ништо ново. И Амазон се почесто се сретнува со штрајкови и протести поради лошите услови за работа и најмали дневници во целиот сектор, пренесува Банкар.
Порано оваа година, во Гугл протестирале дури и менаџерите на најважните позиции, како и програмерите поради полутајниот договор на компанијата и кинеските власти за изработка на специјална верзија на интерент пребарувач за корисниците во таа земја.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024