НовостиПравдаСветот на работникот

Не им доаѓа паметот: 30 фирми добиле забрана за работа поради непочитување на препораките за заштита од високите температури

   Време за читање 1 минута

Државниот инспекторат за труд извршил 164 надзори за почитување на мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури и притоа биле изречени забрани за вршење на дејноста на 30 работодавачи.

Поради топлотниот бран, Владата донесе одлука жените и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа, во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата од 11 до 17 часот.

Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од 9 дена, односно од 17 до 25 јули.

Гостивар е еден од градовите каде што не се почитуваат препораките на Владата за забрана на работа за време на топлотниот бран. Нашата редакција забележа градежни работници кои на ова топло работат на една зграда во центарот на градот.

Инаку, Македонија има голем недостиг на работна сила, па и покрај тоа, некои фирми повторно продолжуваат да не ги почитуваат работничките права.