Не се знае кога ќе се донесе законот за недела – ден за неделен одмор
Она што веќе е сосема извесно, е дека од први октомври недела нема да стане неработен ден, како што вети Владата. Измените на Законот за работни односи не успеаја да поминат на пленарна седница во Собранието до последниот рок, а тоа беше петок минатата недела, бидејќи од вчера официјално стартуваше кампањата за локалните избори.
Како што е познато, Собранието веќе не заседава, односно ќе нема никакви активности, со цел да не се злоупотребува предизборно собраниската говорница, и така ќе биде се до завршувањето на вториот круг од изборите, а тоа е 31 октомври оваа година.
Повеќе на Фактор

