МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Не стивнуваат препукувањата околу лидерската позиција во Синдикатот за сообраќај и врски

130views

Во Синдикатот на работниците во сообраќај и врски (СРСВМ) не стивнуваат препукувањата околу лидерската позиција. Во реакција до јавноста, Методија Димески ги демантира тврдењата на Миќо Стојановски дека е претседател на синдикатот.

– Целосно демантирам дека лицето Миќо Стојановски, не само што не е претседател на СРСВМ, туку не е ни член на истиот од 2014 година до денес. Истиот е исклучен од СРСВМ со Одлука бр. 0202-6/1 од 08.02.2014 година. Во меѓувреме има формирано друга Синдикална подружница која се зачленува во КСС каде што е ргистриран и му е издадено Решение од 26.05.2015 година со број 30120150019014, а потоа има извадено печати на новата Синдикална подружница кои и понатаму ги користи, вели Димески во реакцијата.

Димески посочува дека е тој е легитимен претседател и оти е избран на четири последователни изборни собранија со едногласна одлука од синдикалните подружници кои бројат над 3.000 члена.

– Легитимитетот исклучиво се добива од МТСП кој е главен Регистар на синдикати на повисоко ниво каде што јас сум упишан уште во 2014 година и до денес како легитимен Претседател на СРСВМ. Како доказ е Известувањето на МТСП 08-1624/2 ОД 21.02.2020година. Со ова се демантира изјавата на лицето Миќо Стојановски дека е впишан во МТСП. На ден 28.01.2020 година, СРСВМ одржа свое Собрание каде што земаа учество сите синдикални подружници на СРСВМ и повторно со едногласна одлука за претседател е избран Методија Димески. Зачудува неговото кажување дека имало таканаречено собрание на 03.02.2020 година и се прашуваме со кого го одржал ова фантомско собрание бидејќи ниедна синдикална подружница не е известена за истото, наведува Димески.

Извор: Сител