ПравдаСветот на работникот

„Никоб“ не исплаќал додаток за работа во недела, додаток за празнична работа и додаток за минат труд

Фејсбук статус на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“:
Здружението Гласен Текстилец во изминатиот период неколку пати досега имаше испратено барања за вонреден инспекциски надзор за НИКОБ ДОО, поради неправилности при работењето кај работодавачот.⬇️
❌По извршен инспекциски надзор над НИКОБ ДОО утврдено е дека не е исплатено додаток на плата за работа во недела, во висина од најмалку 50% за секој час работа, како и додаток на плата за работа во празничен ден во висина од 150% и додаток за минат труд, спротивно на одредбите од член 106 ст.2 и чл. 134 ст.6 од Законот за работни односи, како и одредбата од член 24 ОКД за приватниот сектор.
❌Од инспекискиот надзор констатирано е и дека работодавачот исплатил плати после исплатниот период утврден во член 109 од ЗРО.
📝Донесено е решение за изрекување на опомена, со наредени мерки и рок за отстранување на недостатоците.
📢Ги охрабруваме работниците/чките да продолжат да пријавуваат неправилности и незаконитости во работењето од страна на работодавачите.