Фејсбук статус на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“:
Здружението Гласен Текстилец во изминатиот период неколку пати досега имаше испратено барања за вонреден инспекциски надзор за НИКОБ ДОО, поради неправилности при работењето кај работодавачот.
По извршен инспекциски надзор над НИКОБ ДОО утврдено е дека не е исплатено додаток на плата за работа во недела, во висина од најмалку 50% за секој час работа, како и додаток на плата за работа во празничен ден во висина од 150% и додаток за минат труд, спротивно на одредбите од член 106 ст.2 и чл. 134 ст.6 од Законот за работни односи, како и одредбата од член 24 ОКД за приватниот сектор.
Од инспекискиот надзор констатирано е и дека работодавачот исплатил плати после исплатниот период утврден во член 109 од ЗРО.
Донесено е решение за изрекување на опомена, со наредени мерки и рок за отстранување на недостатоците.
Ги охрабруваме работниците/чките да продолжат да пријавуваат неправилности и незаконитости во работењето од страна на работодавачите.