ЕкономијаМакедонија

Николоски: Од следниот месец пензиите ги зголемуваме 2.500 денари, а до март дополнителни уште 2.500 денари

   Време за читање 2 минути

„Во мојот ресор, за жал, проблеми колку сакате, но ќе гледам да имам многу проекти, да излегувам со позитивни вести, а проблемите да ги решавам и да давам информации кога ќе бидат решени“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на одбележувањето 34 години од основањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Николоски во однос на состојбата во неговиот ресор истакна дека таа е финансиски катастрофална и додаде:

„Сакам да споделам неколку податоци за да ги знаете и вие. Буџетската дупка е огромна, трошоците се огромни, но тоа не значи дека нема да го реализираме она што го ветуваме и веќе со ребалансот на буџетот, кој би требало да биде усвоен во Собранието до крајот на јули, а да биде поднесен веќе следната недела, планираме да доделиме 100 милиони евра помош за општините со пакетот за поддршка на општините што го ветивме, а кој в година ќе биде 250 милиони евра затоа што ќе е цела година, а пензиите се зголемуваат 5.000 денари, како што ветивме, и почнуваат од следниот месец со 2.500 денари и до март уште 2.500 денари, така што 5.000 денари во една година, како што ветивме“, посочи Николоски.

Николоски заклучи дека граѓаните очекуваат решенија, а во исто време мора да има и нови проекти.

Извор: Макфакс