НовостиСветот на работникот

Ни стручен фотограф ни фотошоп: Вештачката интелигенција сега креира совршени деловни фотографии

   Време за читање 2 минути

Заборавете на филтери и фотошопови, вештачката интелигенција (ВИ) е новиот тренд за креирање на профилни фотографии за социјалните мрежи.

Во текот на летото, едно видео во однос на тоа, станало вирално на Тикток, а на истото напишано е следното: Користете го овој тренд за да добиете нова профилна фотографија за LinkedIn.

Во краткото видео, младата жена покажува како изгледа во живо, како и фотографија од својот професионален, односно уреден изглед кој го постигнала користејќи ја апликацијата Remini која е базирана на вештачка интелигенција.

Видеото било прегледано повеќе од 50 милиони пати, како и многу други слични видеа на други тиктокери. Remini и конкурентите како што се Try It On AI и AI Suit Up, користат софтвер заснован на вештачка интелигенција за креирање на „глатки“ профилни фотографии кои треба да делуваат како дело на стручен фотограф.

Remini од корисникот бара да направи осум до 10 селфија, по можност сликани од различни агли и со добро осветлување. ВИ, всушност, ги користи тие слики за да „научи“ како изгледате, а потоа после неколку минути започнува да прави вештачки фотографии на кои изгледате „многу паметно, па дури и гламурозно“, пишува BBC, со стилиризирана коса.

Исто така, ви дава можност да носите различна облека, со професионално осветлување, и да имате беспрекорен тен и шминка. Освен тоа, добивате и различни позадини, а некои корисници сметаат дека тоа прави да изгледаат послаби.

Резултатите, донекаде се во очите на набљудувачот – некои велат дека се реални, додека други сметаат дека сликите изгледаат вештачки. Но, додека претходните трендови за „манипулација на онлајн фотографиите“, како што е драстично менување на бојата на косата или очите – се фокусирале на забавата на социјалните мрежи, овој тренд во голема мера е фокусиран на LinkedIn и на други веб страни за барање на работа.

Предноста е во тоа што Remini и другите провајдери, во главно, даваат бесплатни проби кои траат неколку дена, додека ангажирањето на фотограф може скапо да ве чини.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock