Нова потенцијална инвестиција на италијанска компанија во ТИРЗ Штип
Нова потенцијална инвестиција на италијанска компанија во ТИРЗ Штип. Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, денеска оствари средба со Марио Де Роза, прв секретар и заменик шеф на мисија на италијанската амбасада во Македонија. На средбата беа присутни и претставници од регионалниот совет на Пиемонт и италијанската компанија L’Isola Blu Piscine.
Тема на средбата беше разгледување на условите за потенцијална инвестиција во ТИРЗ Штип од страна на италијанската компанија. Компанијата е специјализирана за дизајн, производство и инсталација на базени.
Димовски ги истакна поволностите кои ги нудат зоните. Беше претставена стратешката локација на ТИРЗ Штип и поддршка од Владата за инвестиции со висока додадена вредност.
Претставниците на италијанската амбасада и регионалниот совет на Пиемонт ја поздравиле можноста за соработка и изразиле уверување дека Македонија станува сè попривлечна дестинација за италијанските компании.
Фабио Каросо, сопственик на компанијата L’Isola Blu Piscine, изразил големо задоволство од средбата. Тој ја нагласил поволната бизнис-клима во Македонија како клучен фактор за потенцијалната инвестиција во ТИРЗ Штип. Каросо изразил надеж за успешна реализација на проектот, кој ќе ја зајакне соработката помеѓу Италија и Македонија и ќе создаде нови можности за развој на македонската економија.
Оваа можност за нова инвестиција потврдува дека Македонија продолжува да ги привлекува странските инвеститори со поволни услови за бизнис.
Извор: Курир
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025