Нова ТВ: Француската амбасада се заинтересира за случајот со казнетата медицинска сестра
Медицинската сестра од Клиниката за неврологија била повикана на средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, откако претходно за случајот се информирал од медиумите.
Таа е казнета затоа што учествувала како испитаник во научен проект за скрининг на здравствени работници за Ковид-19, а за тоа не го известила директорот на Клиниката
Француската Амбасада се заинтересира за случајот со медицинската сестра од Клиниката за неврологија која беше казнета затоа што учествувала како испитаник во проект за скрининг на здравствени работници за Ковид-19, а за тоа не го известила директорот на Клиниката. Медицинската сестра вчера била повикана на средба со амбасадорот Кристијан Тимоние, откако претходно за случајот се информирал од медиумите, пренесува Нова ТВ.
Повеќе прочитајте тука

