- Advertisement -
НовостиПравда

Нови мерки: Забрана за движење од 20 часот, нема седење во кафулиња, обложувалници, ниту собирање повеќе од четворица

Нови мерки: Забрана за движење од 20 часот - Работник
683views

На денешната седница на Владата донесе нови мерки за заштита од Ковид-19.

Премирот Зоран Заев рече дека поради растот на бројот на заразени и починати, а на предлог на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести донесени се повеќе рестриктивни мерки.

Прво, забрана и посебен режим на движење на граѓаните од 20 до 5 часот наутро, почнувајќи од утре, до 20 април.

На граѓаните кои извршиле вакцинација им се дозволува враќање дома и во полициски час.
Се воведува и целосна забрана за посетители и гости во сите ресторани, кафулиња, хостели, мотели, хотели, а оние кои подготвуваат храна може да ја доставуваат  онлајн или по нарачка преку телефон, почнувајќи од 7 април до 20 април.

Исклучок се угостителските објекти во аеродромите во Скопје и Охрид, како и за хотелите, мотелите и хостелеите, за гостите сместени во објектите.

Се вовездува забрана за посета на обзложувалниците, уплата да се врши само на шалтер исто од 7 до 20 април.

Забрана за посета на сите фитнес сали, теретани и слично. Се забрануваат семинари, обуки, курсеви од 6 до 20 април.

На земјоделците им се дозволува одење на нива и на пазари.

Сите кои живеат во колективни домови и имаат куче може да ги шетаат од 22 до 23 часот, најмногу до 100 метри околу објектот.

Останува забрана за групирање повеќе од четворица на отворено.

Премиерот повика да се почитуваат мерките, да не се организираат прослави и собири.

Тој рече дека новиот сој на вирусот е далеку позаразен и поопасен од претходните и овој трет бран на пандемијата од Ковид-19 е многу посилен од претходните.