МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Нови протести на буџетарите – Дали предлог-буџетот ги зема предвид нивните барања?

   Време за читање 2 минути

Здравствени работници, полицајци и затворска полиција, сите здружени под капата на Конфедерацијата на синдикалните организации од Владата побараа нови колективни работи и привремени вработувања во времетраење од максимум една година.

Синдикалците велат дека во државните институции чекаат и повеќе од пет години за добијат решение. Билјана Џонова е здравствена работничка која повеќе од 5 години со договор на дело работи во Здравствен дом Скопје. Иако е директно вклучена во здравствениот систем, таа нема здравствено осигурување.

-Работиме за 18.200 денари без здравствено, без пензиско, без право на одмор, без боледување. Никакво право фактички немаме. После пет години ми истекува договорот на 31.12 и сакам да ги прашам господата директори, министри за здравство, за финансии како ќе продолжиме натаму? Дали ќе бидеме примени? Зашто јас повеќе не можам вака, вели Џонова.

Во период кога речиси сите работници, а и пензионерите имаат свои барања од државата. Предлог буџетот, пак не ги зема предвид . Опозицијата обвинува дека Буџетот за следната година е нереален и составен за предизборен поткуп и за остварување на личните бизнис интереси на власта.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со 250 амандмани ќе се обидат да им излезат во пресрет на повеќе групи на граѓани.

– Ќе инсистираме да се прифатат амандманите кои се однесуваат на намалување на ДДВ за храната, струјата, огревното дрво, но и намалување на неколкукратно зголемената акциза за горивата. Ќе бараме за студентите зголемување на субвенцијата за студентски оброк, но и стипендиите. Во соработка со граѓанскиот сектор поднесовме амандмани кои се однесуваат на мерки за намалување на аерозагадувањето кое е алармантно. Поднесовме и низа амандмани кои се предлози на синдикатите, стопанските комори, организациите на работодавачите, на потрошувачите, вели Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта пак е убедена дека со антикризните мерки, за кои тврди дека се влезени во предлог буџетот и тоа без задолжувања, ќе помогнат во закрепнување од економската криза. Вицепремиерот Битиќи вели дека субвенциите за раст на платите во приватниот сектор не се предизборен поткуп и оти власта ќе ги послуша забелешките на стопанските комори.

-Ова беше најавено веќе подолг временски период. Ние ако требаше да направиме нешто како што некој алудира тогаш ќе беше сосема различно, но мерките траат 5-6-12 месеци зашто се конципирани за вистински да помогнат во периодот на закрепнување од економската криза која ја има зафатено нашата земја, но и пошироко, рече Битиќи.

Извор: Сител

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *