ПравдаСветот на работникот

Нови 33 заразени во Штип, најголемиот дел од штипските конфекции

   Време за читање помалку од минута

Во Штип нови 33 случаи на заразени од Ковид – 19. Во текот на изминатите денови се тестирани над 800 работници од штипските конфекции или вкупно околу 1,000 лица. Поголемиот дел на заразени се лоцирани во штипските конфекции, но има и други лица, истакнал денеска штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

Некои од штипските конфекции ги пуштиле работниците на одмор, а на работа не се ни вработените во Подрачните единици на пензиско, здравствено и стамбеното, поради превентивни причини, односно за да се заштитат граѓаните и вработените од потенцијално заразување со Ковид – 19.

Бочварски навел дека имало и конфекции кои работат, но во нив немало ниту еден случај на заболен.