- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Нов бран на вработувања во општините, дали се работи за предизборни ветувања?

Нов бран на вработувања - Работник
893views

Отворени се огласи во повеќе општини, но и јавни претпријатија за стотина работни места. Зависно од позицијата платите се движат меѓу 14.000 и 35.000 денари.

Најмногу луѓе бара Град Скопје. 23 лица ќе добијат работа за плата до 33.000 денари. Но, за администрацијата на главниот град ова не е прв оглас годинава. Прашавме за што се потребни бараните кадри, но до сега не добивме став од кабинетот на градоначалникот Шилегов.

Вработувањата на неколку месеци пред избори според експертите станаа традиција во земјава.

“Ова е дел од нашиот фолклор. Значи, пред секои парламентарни, особено и пред локални избори се распишуваат конкурси за лепачите на плакати итн., тие што ќе треба да “истрчаат”, условно речено, на кампањата за соодветниот кандидат ќе треба да бидат удомни. Не видов вистинска реформа, не видов вистинска потреба за вработување, така што само може да кажам дека ова е во функција на кампања. За жал, премногу средства од граѓаните на Македонија како на локално, така и на централно ниво, одат за овие т.н. кампањи и уште долги години јавниот сектор ќе биде главен вработувач на невработените во Македонија, односно на партиските кадри”, вели универзитетскиот професор Борче Давитковски.

За експертите е погрешно и тоа што од државниот буџет се покриваат загубите на општините, додека некои градоначалници се луксузираат.

“Треба вистинска волја за реформи, но тоа не носи гласови. Гласовите ги носат оние кои ќе ги вработат. Тоа сè ќе биде на терет на нас, граѓаните или на централниот буџет. Мислам дека веќе два пати, пред 3-4 години централната власт ги покри загубите на локалната самоуправа. Сега гледам пак уште еднаш ги покрива загубите, а градоначалниците се однесуваат како паши на својот пашачук. Они си купуваат коли. Еве, типични примери се Охрид, Струга и компанија, каде едноставно кај што завршува логиката таму почнува локалната самоуправа”, вели професорот Давитковски.

За професорот Давитковски е смешно и чудно тоа што приватните фирми во земјава долго не можат да најдат работници, додека за вработување во јавниот сектор веднаш се наоѓаат соодветни кандидати.
Инаку, според последниот извештај, само во единиците на локалната самоуправа ширум земјава работат околу 5.700 лица.

Извор: Сител