МакедонијаПравдаСветот на работникот

Нов протест на мајките на породилно

112views

Мајките кои се на породилно денеска  ќе излезат на нов втор по ред протест пред Владата, во обид да издејствуваат укинување на одлуката во среда да се вратат на работа, пренесува Сител.

Викендот министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Владата не ги прифатила нивните барања испорачани после првиот протест во четвртокот. Од друга страна мајките сметаат дека високите бројки на заразени со Ковид-19 деновиве и неколкуте случаи на инфицирани деца и вработени во градинките се голем ризик за нивните деца.

Дополнително според нив периодот за адаптација на малите деца до 2 годишна возраст во досегашната пракса бил 1 месец, а од донесување на владината одлука имало само 1 недела. Некои мајки како што изјавија на претходниот протест не можеле да ги запишат децата во градинка бидејки од установите им било речено дека нема место. Протестот е закажан за во 17.30 минути пред зградата на Владата, посочи Сител.