Uncategorised

Нов тренд: Патниците уплаќаат аранжман, а не знаат каде ќе завршат!

   Време за читање 2 минути

Во Србија се појави нова форма на организирање туристички аранжмани, пред сè во домашниот туризам. Александар Сеничиќ од Националната асоцијација на туристички агенции (ЈУТА) за Данас вели дека програмите за изненадување се сè попопуларен тренд во домашниот туризам.

„Има тенденција во последните години да има многу голем број предновогодишни организации во самата Србија, преку таканаречените програми за изненадување, каде патниците не ја знаат својата крајна дестинација, но знаат дека имаат организиран превоз, сместување и Новогодинашна прослава. Најчесто тоа се фарми или селски домаќинства каде се организира приватна веселба за 50 до 100 луѓе, а тоа е нешто што годинава беше во фокусот и на луѓето кои не сакаа да патуваат во странство“, рече тој.

На прашањето како точно функционира тоа што патниците не ја знаат крајната дестинација, Сеничиќ објаснува: „Тие не го знаат точното место. Знаат дека ќе биде, на пример, во Војводина и имаат комплетна програма: го знаат времето и местото на поаѓање и само времето на пристигнување на дестинацијата. Имаат организирана вечера, музика и прослава, а следното утро по појадокот имаат обиколка низ околината. Сè е опишано и се вика автобус на изненадување, а потоа се појавувате на дестинација што не сте ја знаеле однапред“. Најчесто тоа се или фарми или селски домаќинства или некои необични дестинации. Програмата е многу добра и луѓето генерално се исклучително задоволни. Тие програми не се премногу скапи, а на поголемите компании им даваат можност на некое место заедно да ја дочекаат Новата година, додава Сеничиќ.

Вообичаено во автобусот водичот им се обраќа на патниците и на крајот открива на која дестинација навистина одат и каде ќе ја поминат Новата година.

Фото: Profimedia