- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветот на работникот

Нокиа планира намалување на 10.000 работни места

Нокиа планира намалување - Работник
137views

 Финската мултинационална комуникациска корпорација Нокиа денеска соопшти дека планира затворање од 5.000 до 10.000 работни места во следните две години со цел да ги намали трошоците и да ги зголеми инвестициите во истражувачки активности.

Компанијата во соопштението наведува дека очекува трошоците за реструктуирање и други трошоци да изнесуваат 600 до 700 милиони евра до 2023 година.

Истовремено, Нокиа очекува дека преструктуирањето на основата на трошоците ќе се намали за околу 600 милиони евра до крајот на 2023 година и предвидува дека половина од заштедите ќе бидат реализирани оваа година.

Тие заштеди треба да ги надоместат зголемените инвестиции во истражувањето и развој и идниот капацитет, како и трошоците поврзани со растот на платите, додаде компанијата.