Вести

Младите работници не сакаат бесплатен ручек, теретана и масажа на работа: Бараат само едно, но што велат шефовите?

Пред десет години, пинг – понгот предначел кога се во прашање канцелариските „погодности“. Големите технолошки компании кои се фалеле со бенефитите на работните места, како што се масажата, гурманските ручеци, кафетериите и видео игрите, биле „поим“ и предмет на завидност. Овие погодности ги привлекле вработените, па делувало дека е вредно да се патува на работа по еден час, секој ден. 

Но, како што поголемиот дел од работната сила се преселувала од канцелариите во своите домови во текот на 2020 година, исчезнале ваквите погодности кои работата во споменатите компании (на пример Гугл) – ги правеле посебни. Сега прашањето е, како работниците да се вратат во канцелариите?

Некои понудиле виртуелни „среќни часови“ или активности за тим билдинг, како половична замена. Додека некои од работодавачите се обидуваат да ги намамат вработените назад во физичките простори, обидот да се „продаде приказната“ дека канцеларијата е одлична за „соработка“ – можеби повеќе не пие вода како претходно. 

Наместо тоа, компаниите се враќаат на погодностите. Според неодамнешното истражување на CBRE, за комерцијалните недвижности, 60 % од големите компании ширум светот ги редизајнираат своите канцеларии за да враќањето во нив биде попривлечно за работнците. Некои градат аудиториуми; други се одлучуваат за отворени простори. Речиси 70 % од нив имаат баристи или кафетерии.

Но, после повеќе од една година работа на далечина, дали ова е навистина тоа што го сакаат луѓето?

За некои, одговорот е потврден. Овие бенефити се важни и можат да влијаат на тоа каде сакате да работите. Сепакт, тоа се во главно луѓе кои веќе биле воодушевени со идејата да се вратат во канцелариите, после изолацијата и карантините; оние кои бараат социјализација на работа и физички работен простор. Од друга страна, има и доста кои не размислуваат на овој начин. 

Пример за тоа се младите работници, односно огромен дел од нив. За нив овие погодности изгледаат како половичен обид луѓето да се вратат во канцелариите. Нив работата на далечина суштински им го променил односот кон работата и им одговара тој вид на флексибилност. Дури и кога станува збор за бројот на работни денови, односно часови во текот на една недела – се чини дека работодавачите ќе мораат да направат компромис. 

kafa, ljubavni par, ljubav

Фото: Shutterstock

Нидено бесплатно кафе не може да ја замени слободата која ја имаат додека работат од дома. Ниедна кацелариска теретана или гурмански ручек не можат да ја надминат нивната прошетка по соседството, тишината на домашната канцеларија, времето кое го поминуваат со своето семејство, нивната новооткриена продуктивност или подоброто менатално здравје. 

Според студијата на Државниот универзитет во Канзас, младите работници (од 21 до 34 години) повеќе го ценат почитувањето од забавата на работа. Тоа значи дека генерацијата З и милениумците повеќе се грижат за почитување на своите менаџери и колеги и комуникација со респект, отколку за маси за пинг – понг, бесплатни ручеци и социјални игри со тимовите. 

Но, не само тие се борат против традиционалните канцеларски погодности. Според податоците на Glassdoor UK, околу 60 % од вработените сега ставаат поголем акцент на погодностите поврзани со физичката и менталната благосостојба, како што се приватната здравствена заштита и пристап до онлајн терапија. 

Додека бесплатните услуги за перење на облека или стримување можат да бидат одлични, современите вработени бараат погодности кои служат на нивниот нов, холистички начин на работа. Тие сакаат погодности кои им носат корист кога не работат во канцеларија, кои ги вреднуваат како холистички човечки суштества, а не само како работници на компанијата. Тие сакаат благосостојба, автономија и поддршка – и ако работодавачите сакаат да бидат во тек, можеби би сакале да ја земат во предвид идејата, масата за пинг – понг да ја заменат со флексибилно работно време. 

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Freepik