МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

НСО побара вработените во одбраната да се пензионираат со 40 годишен стаж, без разлика на возраста

2.64Kviews

Почитувани колеги, членови на Независниот синдикат на одбраната и вроботени во Министерство за Одбрана и Армијата,

Со целосна почит сакаме да ве потсетиме за постигнатите резултати во делот на преговорите со Министреството за Одбрана, односно со Министерката за Одбрана г-ѓа Радмила Шеќеринска-Јанковска, како единствен работодавец, со која се одржани поголем број на работни состаноци. За жал мораме да напоменеме дека по основ на едно клучно прашање не постигнавме договор.
Имено се работи за членот 218-а од Законот за служба во Армијата, кој се однесува на делот за пензионирање каде што е предвидено пензионирање со навршување на 40 години пензиски стаж и навршени 55 години возраст. На ваквото решение не се согласувавме, за што беше доставен предлог од наша страна да се земе во предвид Законот за Полиција, како основ за изработка на Законот за служба во Армијата, каде што во член 174 предвидено е пензионирање со навршување на 40 години пензиски стаж, без оглед на годините на возраст. Истите услови за пензионирање со навршување на 40 години пензински стаж, без оглед на годините на возраст, се пропишани и за затворската полиција во член 123, став 5, алинеа 6.
Од погоре наведеното, оправдано произлегува прашањето: Дали овие категории работници се изложени на поголемо физичко напрегање и на работа во полоши теренски услови? Одговорот е: НЕ. Токму во овој период со вонредната состојба се докажа дека припадниците на Армијата подеднакво ги извршуваат задачите на професионално ниво исто како и полицијата. И ако тука не гледаме разлика, зошто би имало разлика во условите за пензионирање. Или можеби би требало припадниците на Армијата да ги споредиме со играорно друштво? И да ги споредиме и во тој случај играорното друштво под Министерство за Култура уживаа подобри права за пензионирање и имаат бенифициран стаж 12/18.
Независниот Синдикат на Одбраната со внимание ги следи изјавите во средствата за информирање на Министерката за Одбрана, меѓу кои во неколку наврати имаше изјава дека Законот за служба во Армијата е ист како Законот за Полиција. Ако еднаш се каже, може да се згреши, но ако повеќе пати се повтори можноста за грешка во изразување непостои. Инспирирани од ова заклучивме дека министерката за одбрана е неправилно информирана дека законот е ист.
За таа цел Независниот синдикат на одбраната, достави барање до Министерката за Одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска-Јанковска за работен состанок на кој ќе биде разговарано за ова прашање како и за дополнителни други седум точки. Во очекување сме истиот да се одржи во текот на наредната работна недела, а за постигнатите договори за доброто на вработените во Министерството за Одбрана и Армијата ќе ве информираме преку средсвата за информирање.

Со почит,
Независен Синдикат на
Одбраната

Фејсбук статус на независниот синдикат на одбраната.