Светот на работникот

Овие пет задачи лидерите никогаш не ѝ ги препуштаат на вештачката интелигенција: „Чувајте ја работата која ве дефинира“

Вештачката интелигенција може да го зголеми вашиот учинок. Може да ви заштеди часови. Ја извршува работата која ви ја црпи енергијата и ви го краде фокусот. И би требало. Но некои работи ви припаѓаат вам. Ја предадете ли погрешната работа, ќе го изгубите она што вашиот бизнис го прави вреден да се избере. Направете го ова како што треба и ќе изградите нешто што ниеден алгоритам не може да го репрдодуцира. Соработничката на американскиот „Форбс“, Џоди Кук објаснува зошто некои задачи никогаш не би требало да се препуштат на вештачката интелигенција.

Главна порака

Вашата приказна доаѓа од вашето животно искуство. Вашите вредности го одразуваат она во што навистина верувате. Напишани со ваши зборови, имаат тежина оти се реални.

Вештачката интелигенција може да го прошири вашиот дофат откако ќе утврдите што застапувате. Може да ви помогне да ја пренесете пораката преку повеќе канали, но не може да го генерира оргиналот. Суштината мора да дојде од вас. Читателите ја знаат разликата. Особено купувачите од вашите соништа.

Стратешки одлуки

Користете ја вештачката интелигенција за прибирање на податоци, нека анализира опции, покрене сценарија и претстави бројки, а потоа вие донесете ја одлуката. Со години сте ја граделе интуицијата низ вистински победи и загуби. Ги разбирате нијансите кои ниеден модел не може да ги фати. Најдобрите основачи си веруваат себеси дека ќе ја донесат конечната одлука и стојат зад неа.

Вештачката интелигенција ви дава подобри влезни податоци, но производот и понатаму е ваша одговорност.

Најважни се односите со клиентите

Довербата се гради меѓу луѓето. На односите од голема важност потребен им е вашиот личен пристап. Чувствителните разговори изискуваат емпатија која вештачката интелигенција не може да ја реплицира. ВИ може да ве подготви за состаноци и да направи заклучоци, ама морате да бидете присутни. Вашите најважни клиенти сакаат топлина, длабочина и го сакаат вашето мислење.

Генеричките ВИ пораки го навредуваат односот кој сте го граделе со години. Автоматизирајте ги потсетниците за состаноците и редовните задачи. Заштитете го односот.

Лидерство во размислување

Луѓето ве следат поради вашето специфично гледиште, вашите клучни ставови, вашите спротивставени ставови, приказните кои само вие можете да ги раскажете. ВИ може само да ги ремиксува идеите. Не може да создаде нешто ново.

Вашата перспектива е она што ве разликува од сите останати кои се во вашиот простор. Изградете го вашиот личен бренд околу она што ве прави едноставни. Нека ВИ ви помогне да произведете повеќе од она што веќе функционира. Изворното размислување мора да биде ваше.

Револуционерна иновација

ВИ го оптимизира она што веќе постои. Пронаоѓа обрасци во податоците. Ги подобрува процесите. Но револуционерните идеи доаѓаат од љубопитни луѓе подготвени да воспостават неочекувани врски. Производите кои ја менуваат индустријата доаѓаат од луѓе кои размислуваат вон она што веќе постои. Тоа изискува имагинација, а не пресметки.

„Продолжете да поставувате прашања, продолжете да експериментирате. Следната голема работа е чекањето некој доволно храбар да ја пронајде. Тој некој би требало да бидете Вие. Дознајте каде вештачката интелигенција бриљира и користете ја за тоа. Автоматизирајте сѐ што не ја изискува вашата личност или вашата креаативност. Чувајте ја работата која ве дефинира. Вашата порака, вашите одлуки, вашите односи, вашата перспектива, вашите идеи. Ова се причините зошто луѓето ве избират во однос на сите останати. Нека вештачката интелигенција го понесе товарот, за да можете да ја извршите работата која само вие можете да ја извршите“, наведува Кук.

Извор: Forbes