ЕкономијаМакедонија

НУК: Дукат е првиот ресторан што се стекна со златен премиум сертификат

ДУКАТ, СКОПЈЕ Е ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ РЕСТОРАН КОЈ СЕ СТЕКНА СО ЗЛАТЕН ПРЕМИУМ СЕРТИФИКАТ И ПЕЧАТ “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” КОВИД-19 БЕЗБЕДНА ЗОНА (“CLEAN AND SAFE” COVID-19 SAFE ZONE).

СЕГА ГОСТИТЕ ВО РЕСТОРАН ДУКАТ МОЖАТ ДА СЕ ЧУСТВУВААТ ДОПОЛНИТЕЛНО БЕЗБЕДНИ БИДЕЈЌИ ПОКРАЈ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СИТЕ ГЛОБАЛНИ И НАЦИОНАЛНИ ПРЕПОРАКИ И ПРОТОКОЛИ ЗА РАБОТА НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ СО ЦЕЛ СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА ЗАРАЗАТА ОД ПАНДЕМИЈАТА СО КОВИД-19 ИМПЛЕМЕНТИРАНИ СЕ И ПРОЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХ КОИ НЕ САМО ШТО ГО ПРОЧИСТУВААТ ВОЗДУХОТ ОД ПОВЕЌЕ ВИДА НА ЧЕСТИЧКИ, БАКТЕРИИ И ВИРУСИ ТУКУ ГО ЕЛИМИНИРААТ ОД ВОЗДУХОТ ЦЕЛОСНО И ЖИВИОТ SARS-COV-2 ВИРУС

НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА пред еден месец ја промовираше кампањата ЧИСТО И БЕЗБЕДНО (CLEAN AND SAFE) наменета за сите видови угостителски објекти. Во изминатиот период поголемиот дел од членките на комората ги верификуваа своите угостителски објекти дека во целост ги исполнуваат и се спроведуваат важечките протоколи за работа на истите. НУК во соработка со ЕЦОТИП – Генералниот покровител на кампањата ЧИСТО И БЕЗБЕДНО воведе и можност за сите угостители кои во своите угостителски објекти имплементираат прочистувачи на воздух со кои се прочистува и елиминира од воздухот целосно и живиот SARS-COV-2 вирус да се стекнат со правото на користење на златен премиум сертификат “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” ■ КОВИД-19 БЕЗБЕДНА ЗОНА (“CLEAN AND SAFE” ■ COVID-19 SAFE ZONE).

Ресторанот Дукат од Скопје е првиот македонски ресторан кој покрај имплементација и спроведување на сите национални и глобални препораки и протоколи за работа на угостителски објекти воведе и дополнителна заштита на своите гости со прочитувач на воздух HEALTHPROTECT од производителот Blueair кој целосно го елиминира вирусот Ковид-19. Сега слободно можеме да изјавиме дека со престојот во Дукат можеме да се чувствуваме безбедно како по дома.

На 17ми јуни на барање на Ресторан Дукат претставници на НУК заедно со претставник на генералниот покровител ЕЦОТИП на националната кампања ЧИСТО И БЕЗБЕДНО направија проверка и верификација за спроведување на препораките и протоколите за работа на угостителски објекти за издавање на првиот златен премиум сертификат и безбедносен печат ЧИСТО И БЕЗБЕДНО – КОВИД-19 БЕЗБЕДНА ЗОНА (CLEAN AND SAFE – COVID-19 SAFE ZONE). Со верификацијата е утврдено дека во склоп на угостителскиот објект се имплементирани сертифицирани пречистувачи на воздух HEALТHPROTECT од Blueair кои покрај стандардното прочистување на воздухот го прочистува и целосно елиминира од воздухот живиот SARS-COV-2 вирус со што ресторан ДУКАТ е првиот официјално верификуван угостителски објект кој се здоби со правото на користење на златен сертификат ЧИСТО И БЕЗБЕДНО – КОВИД-19 БЕЗБЕДНА ЗОНА (CLEAN AND SAFE – COVID-19 SAFE ZONE). 

На овој начин преку сертифицирање укажуваме дека угостителските објекти кои се стекнале со правото на користење на овој национален сертификат не само што ги подигнале на највисоко ниво стандардите за заштита и грижа на здравјето на своите вработени, како и грижата за здравјето на своите гости спроведувајќи ги глобалните и националните протоколи за работа туку со користење на дополнителни уреди – пречистувачи на воздух со кои гостите можат да дишат слободно и да се чувствуваат безбедно како по дома максимално ги минимализирале можностите и начините на ширење на вирусот Ковид-19 во своите угостителски објекти..

Со оваа национална кампања и стратегија НУК станува лидер не само во Македонија туку и на балканот во подигање и креирање на нивото и квалитетот на угостителските услуги во начините и можностите на работа на угостителските објекти во време на пандемијата со Ковид-19.