- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

НУК назначи офицер за заштита на лични податоци

До вчера ги броевме гостите - Работник
555views

Независната угостителска комора согласно обврската што произлегува од член 41 од Законот за заштита на лични податоци (скр. ЗЗЛП) назначи офицер за заштита на лични податоци (скр. ОЗЛП) со што комората официјално започна со постапките на подготовка на усвојување и донесување на акти, протоколи и правилници за усогласување на своето работење со прописите за заштита на личните податоци.

За офицер на Независната угостителска комора е назначен Димитар Ѓеорѓиевски, врвен и признат експерт, консултант и едукатор во областа на заштита на лични податоци. Комората во соработка со офицерот за потребите на своите членки и сите останати угостители и партнери формира Канцеларијата на офицери за заштита на лични податоци. Канцеларијата на офицери раководена од ОЗЛП Димитар Ѓеорѓиевски согласно член 44 од ЗЗЛП ќе започне со постапка за изготвување на кодекси на однесување наменети за угостителската индустрија за да се прецизира примената на прописите за заштита на личните податоци кај угостителите во однос на правична и транспарентна обработка, собирањето на личните податоци, остварување на правата на субјектите на личните податоци, мерките за обезбедување на безбедност на обработката соодветно на ризикот.

Со назначување на офицер и формирање на Канцеларија на ОЗЛП, комората им обезбеди на своите членки можност веднаш да назначат офицер за заштита на лични податоци преку договор со комората и да добијат навреме информации, едукација и поддршка како угостители за усогласување на своето работење со начелата, вредностите и правилата за заштита на личните податоци предвидени во прописите за заштита на личните податоци.

Согласно препораките и насоките од Агенцијата за заштита на лични податоци за чекорите кои треба да ги преземат угостителите за да го усогласат своето работење со прописите за заштита на личните податоци и која документација треба да ја донесат за да обезбедат безбедност на обработката на личните податоци соодветно на ризикот на обработката, а притоа да можат и да ја демонстрираат усогласеноста со начелата поврзани со обработката на личните податоци Независната угостителска комора денес го назначи Димитар Ѓеорѓиевски за Офицер за заштита на личните податоци и до Агенцијата достави соодветно известување за контролор и офицер со потребните информации согласно законските прописи.

Со донесување на новиот закон за заштита на лични податоци (Службен весник бр. 42 од 16.2.2020) секое друштво регистрирано согласно законските прописи во Централниот регистар на РСМ има за обврска да назначи Офицер за заштите на лични податоци и да донесе соодветни акти, правилници и документи и направи усогласување на своето работење. Фактот дека угостителите и угостителската индустрија не се исклучок од овој закон, Независната угостителска комора назначи офицер за заштита на личните податоци кој офицер воедно може да биде офицер и на сите членки на комората со што комората овозможи на своите членки веднаш да започнат активности на усогласување на своето работење со прописите кои произлегуваат од ЗЗЛП.

На овој начин комората овозможи сите реномирани угостителски објекти, ресторани и хотели кои немаат можност и услови да вработат сопствен офицер за заштита на личните податоци да назначат офицер преку комората со што се смета дека се започнати постапките за изготвување документација која треба да ја донесат за да обезбедат безбедност на обработката на личните податоци соодветно на ризикот на обработката, а притоа да можат и да ја демонстрираат усогласеноста со начелата поврзани со обработката на личните податоци.

Комората заедно со офицерот за своите членки низ повеќе градови од Македонија во месец Август ќе направат специјализирани бесплатни едукативни работилници наменети за угостителите и угостителската индустрија со цел да се изврши навремено информирање за обврските согласно прописите за заштита на личните податоци и запознавање со принципите, правата и обврските кои произлегуваат од ЗЗЛП.

Со овие активности Независната угостителска комора уште еднаш ја покажува својата грижа и големина да излезе во пресрет на своите членки и целокупната угостителска индустрија и да им овозможи заштеда од непотребни трошоци во ангажирање на надворешни соработници за потребите за усогласување на своето работење согласно ЗЗЛП притоа не доведувајќи се во ситуација да ги прекршуваат истите во своето работење и да бидат ригорозно казнети поради неусогласеност и недефинираност на прибирање и водење на личните податоци .