- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

НУК: Рестораните за свадби се ставени во поповолна положба во однос на другите угостителски објекти

До вчера ги броевме гостите - Работник
896views

Во однос на тврдењата на Независната Угостителска Комора во нивното соопштение објавено пред три дена дека за работа во Недела ќе бидат потребни нови дозволи, од таму објаснуваат дека едно од размислувањата и предлозите за дискусија на предлагачите на овие барања и промени беа доколку недела биде неработен ден и во угостителскиот сектор да на некои угостителски објекти им се дозволи да работат и во недела по преходно дадено образложение кои се причините за потребата на истото за што доколку истите се оправдани би се издало посебна дозвола односно лиценца за работа на тој угостителски објект и во недела. 

„Овој проблем беше наметнат за т.н. угостителски објекти – ресторани за свадби од причина што генерално големите семејни прослави и свадби се прават преку викенди кога луѓето не работат и можат да се соберат заедно на едно место да ја обележат веселбата и свадбата и оние угостителски објекти кои се сместени во туристичките локации заради потребата на гостите туристи кои престојуваат во земјата“, велат од НУК. 

Дали и што предвидуваат предложените решенија во драфт верзијата на предлог законот која се уште не е достапна за јавноста, односно таа не е поставена на платформата ЕНЕР, од која во неа сите би имале увид, но по објавата во некои медиуми доставена им е на сите засегнати страни, како што се коморите, работодавачите и синдиктите, велат дека доставииле барање со кое Министерството за труд и социјална политика го известиле дека официјално на комората како засегната страна не е доставена оваа драфт верзија на увид како би можеле доколку имаат предлози, приговори или дополнувања да ги достават кон истата и побарале доколку ваква драфт верзија навистина постои во моментов и е доставена до другите комори од ова или други министерства да им се достави итно копија од истата пред објавување и поставување на платформата ЕНЕР.

Велат дека до моменотов немаат добиено копија од предлог промените на законот.

Што, според нив, значи што е се од превидените барања, предлози, дискусии опфатено во оваа драфт верзија на промени на законската регулатива и дали и на кој начин се опфатени угостителите и угостителските објекти во понатамошното работење и во недели, дали ќе има посебни дозволи, услови и лиценци со кои доколку недела е неработен ќе може определени угостители да работат во моментов не им е познато.

Порталот Работник побара коментар и од Министерството за економија, од каде што кратко одговорија дека Министерството за економија во делот на Туристичко/угостителскиот сектор има дадено мислење дека истите не треба да се опфатат со овој закон, односно треба да работат и во недела, без дополнителни трошоци или ограничувања.

Во соопштението во кое, меѓу другото од НУК наведоа дека грантовите за помош се делат селективно.

Селективна финансиска помош за угостителската индустрија што работи со храна и пијалоци произлегува од причината за начините, за кого и колку од бројот на овие угостители се опфатени со овие грантoви, велат од НУК

„Финансиската неповратна помош кај туристичките агенции е наменета за сите регистрирани 725 туристички агенции каде ќе добијат грант сите кои аплицирале во вкупен износ од 116.850.000 денари. За угостителските објекти – хотели на сите што постојат или вкупно 197 категоризирани угостителски објекти – хотели ќе им се поврати во целост платената туристичка такса од 2019 година во висина од 120 милиони денари“, велат од НУК. 

Како што велат најважното од вкупно регистрирани 6500 угостителски објекти – економски оператори кои работат со прерабoтка и послужување на храна за гости и достава регистрирани како угостителски објекти – ресторани, гостилници, пицерии, кафетерии, ноќни клубови на јавниот повик за доделување финансиската неповратна помош – грант можат да аплицираат само одреден селективен број угостители – т.н. ресторани за свадби со што истите ги става во повластена положба во однос на останатите колеги бидејќи за сите угостители во изминатиот период важеа идентични протоколи и закони за работа со исклучок на ноќните клубови. 

И покрај тоа што Владата во својата ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА УГОСТИТЕЛСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА не постави ограничувања на кои се и какви ресторани може да аплицираат за оваа мерка Министерството за економија објави селективни услови во јавниот повик со што овозможи само на дел од угостителите да можат да алицираат за оваа мерка што води кон селективниот однос на кого ќе бидат поделени овие 1 милион евра кои поради спецификата на условите ќе се подели на едвај 100тина т.н. ново категоризирани угостителски објекти од вкупниот број на угостителски објекти наведени јавниот повик со кој им е забрането да аплицираат на сите ресторани кои работат како ресторани со послужување на храна за индивидуални гости, гостилници, ресторани за самопослужување, експрес ресторани, киосци, млечни ресторани, ресторан бавчи, летнибавчи, ќебапчилници, бистро, пицерии, објекти за брза храна односно немаат никакво право за учество, истакнаа од НУК.

Од Министерството за економија истакнаа дека тие согласно Програмата за подршка на угостителскиот сектор спровеле неколку мерки меѓу кои и помош за угостителството на кои транспарентно, ефикасно и запазувајки ги сите протоколи од Министерството за здравство преку Платформата DOMASIEDOMA.GOV.MK имаа можност сите кои исполнуваа услови согласно Јавните повици да аплицираат.

„Рокот за аплицирање беше продолжен се со цел да можат сите кои исполнуваат услови да го запазат рокот за аплицирање, дополнително по завршување на повикот на тие што последни аплицирале од страна на Комисијата согласно упатството за работа им е даден рок за дополна на документацијата доколку има потреба.

Велат дека критериумите кои биле дадени во јавните повици Министерството за економија на заеднички состанок со сите комори и здруженија ги има дефинирано и усогласено.

Листата на сите кои ќе добиваат грантови од страна на Министерството за економија, транспарентно ке биде објавена на веб страната на Министерството и на платформата, посочија од таму. 

Од НУК во однос на нивното тврдење дека Министерството за економија планира да воведе нови лиценци за рестораните за свадби, појаснуваат дека Владата преку програмата за поддршка на угостителскиот сектор со реализација на мерката од точка 1 – Грантови за ресторани во вкупен износ од 1 милион евра преку Министерството за економија всушност направи доброволен попис и евиденција на одредени ресторани со која угостителите самостојно ги декларираа – класифицираа своите угостителски објекти во т.н. Ресторани за свадби, веселби и останати прослави при што за истите извршија и категоризација.  Велат со оваа активност угостителите несвесно масовно се пријавувале за понудената финансиска неповратна поддршка, според нив,  си скроиле сами себе бесилка за идното работење како ресторани на свадби со оглед дека за нив се кројат нови правилници со лиценци и услови под кои ќе работат во наредниот период.

„Со оглед дека очекувањата на Министерството за економија беа дека во Македонија има околу 400 ресторани наменети за вакви настани – веселби и свадби од приходите за издавањето на овие лиценци или дозволи веруваме дека брзо ќе приберат многу повеќе средства од доделениот грант“, велат од НУК. 

За крај, да не се најдеме затекнати доколку Комисијата за заразни болести ни изготви или се појави со посебни протоколи за организација на свадби наменети за сега веќе маркирани ресторани за свадби со кои нема да можат веќе да работат како останатите угостителски објекти – ресторани, подвлекоа од НУК.

Од Министерството за економија велат дека преку мерката за подршка на рестораните за свадби Министерството успеало да регистрира голем број на ресторани како и истите согласно законот се категоризирани и ја обавуваат својата дејност согласно законот.

„Министерството за економија сите мерки и активности ги кординира со приватниот сектор и досега нема предлог за лиценцирање на Рестораните за свадби“, велат од Министерството. 

Доколку таков предлог се достави од било која Комора или здружение и истата е аргументирана и оди во насока на подобрување на условите и намалување на сивата економија, Министерството за економија истата ке ја земе во предвид, истаканаа од Министерството за економија.