Останато

Оваа интровертна извршна директорка смета дека работното место е наменето за екстроверти – Се користи со овие две стратегии за да „опстане“

Работното место е направено за екстровертите, вели Деби Лиу – „вашиот успех е често врзан со можноста да споделувате, зборувате и да ги водите другите.“

Лиу е извршна директорка на генеолошката компанија Ancestry.com која вреди 4,7 милијарди долари. Таа се опишува себеси како специфично интровертна. Таа дипломирала од школа за инженерство „практично без воопшто да зборува“, вели таа за CNBC Make it. Вели дека напорната работа била доволна за да успее.

Потоа студирала на бизнис школата на Стенфорд, каде учеството за време на предавања понекогаш сочинувало 50 % од оценките. Таа тогаш сфатиладека мора да направи нешто за да се истакне.

Нејзиното решение било да ја третира екстровертноста како практична вештини отколку како неодржлива маана, рекла таа. Додека студирала на Стенфорд, тоа значело поставување на мали цели на себеси, како зборување три пати неделно за време на предавање. Продолжила да вежба и на нејзиното прво работно место во Пеј Пал како продукт менаџер.

Конечно, Лиу успева да го заврши својот тренинг по екстровертност – план наменет да ѝ помогне да стане покомотна и посамоуверена во комуникацијата со другите, за да успее во кариерата. Таа била на високи позиции во Пеј Пал, Ебеј и Фејсбук, пред да стане извршна директорка на Ancestry.com минатата година.

Во прилог следуваат нивните совети за тоа како еден интроверт да успее во екстровертна средина:

Оставете време за вежбање

Лиу вели дека е лесно за интровертите да молчат за време на состаноците и да мислат дека нивниот глас не е потребен во дадениот момент.

Ваквиот начин на размислување, вели таа, може да ве спречи во тоа да станете подобри во екстровертноста. Наместо тоа, препорачува на екстровертноста да се гледа како на учење на нов јазик. Не можеш да го совладаш веднаш, но можеш да го подобруваш секој ден преку вежбање со другите.

На пример, можете да закажете еден кафе-разговор со некој постар колега еднаш во неделата или да организирате редовни браинсторминг сесии со член на тимот за да изнаоѓате идеи на глас.

Стремете се кон помали цеи

Поставете мали, одржливи цели, вели Лиу.  На пример, немојте да целите кон тоа да зборувате 10 пати на секој сосанок. Наместо тоа, обидете се да зборувате два пати или дури и еднаш за време на состанокот.

Овој начин на поставување на целите функционирал за еден „екстремно интровертен“ вработен кој бил под супервизија на Лиу. Таа му рекла да зборува барем еднаш за време на состанок кој траел 30 минути и двапати доколку состанокот трае еден час. Колку што повеќе зборувал, толку покомфорен станал, а со тоа започнал повеќе да го искажува својот глас на работното место.

Вработениот успеал да стане потпретседател на одделот за инженерство во друга компанија, каде што имал бенифит од тоа што бил нов и не бил познат како срамежлив, вели Лиу. „Кога отиде на новото работно место, можеше да го користи својот глас без да го носи товарот на многу тивок човек.“

Клучот, според неа, е да се знае дека нема се да оди како што треба на почетокот. Можете да се чувствувате многу нелагодно при обидот да се поврзете со луѓето и не секогаш можете да кажувате „брилијантни коментари за време на состаноците“.

Тоа е се дел од вежбањето, вели таа. „Она што е важно е што напредувате и станувате подобри. Потребно е време.“

Извор: CNBC 

Фото: Istock