Останато

ОВА СЕ ТОП 5 ФИРМИ ВО ГЕРМАНИЈА КОИ ПРИМААТ РАБОТНИЦИ ВЕДНАШ И БЕЗ ДИПЛОМА: Доволен ви е само пасош, а тие помагаат да добиете виза

Многу фирми во Германија бараат работници. За работа во некои од нив дури не е потребна ниту диплома, доволен е само пасош. На инстаграм профилот „Nemacka na dlanu“, наведени се топ 5 фирми кои вработуваат работници. Тоа се: DHL, Amazon, McDonalds, Burger king, Swissport, Vinzenzmurr.

– Секако, тоа не значи дека секоја филијала во секој момент бара работници, но постои голема шанса да успеете ако им испратите апликација за работа токму на овие фирми и ако имате барем основно познавање на германскиот јазик и/или работно искуство сродно на работното место на кое аплицирате – се додава.

Под објавата која е насловена „Фирми во Германија кои вработуваат со српски пасош“ следувале коментари дека не е баш така:

– Не наседнувајте на тие лаги, без работна виза никој нема да ве вработи само со српски пасош, бидејќи законот е таков! – навел еден од следбениците, додека друг додал:

Па тогаш не е српски пасош туку работна виза! А со неа е потребната стручна спрема и можеш да работиш каде сакаш.

Следувал одговор од аминот на профилот:

– Немаат сите луѓе во старт доволно добро познавање на јазикот за да работат по струка. Исто така, не е доволна само стручна спрема тука и нострификација, а со тоа, често, и работно искуство во струката. Така што сите луѓе не ги исполнуваат условите да работат во струката. Овој попис на фирми се однесува на луѓе кои аплицираат за виза за Западен Балкан – стои во одговорот.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Agencija za konsalting| Nemačka viza| Preseljenje (@nemacka.na.dlanu)

– И не е баш лесно да се најде работа на далечина, тоа го знаат сите од Балкан кои самостојно барале работа. Овие фирми вработувале луѓе на кои им треба виза, знаат како функционира процедурата и за почеток се океј опција. А кога ќе се оди и усоврши јазикот секако дека може да се промени работата и да се работи нешто подобро. И да, за било каква работа во Германија потребна е виза, но не сите работодавачи се расположени да вработат луѓе на кои им треба виза.

Извор: Kurir