ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Оглас за вработување во Тиго Фајнанс

Оглас за вработување - Работник
31views
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
 
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:
 
Експерт за кредитирање во филијала Струмица
 
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
 
Позицијата вклучува:
  • Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
  • Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
  • Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
  • Анализа на ризик и одобрување на кредити
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата
  • Работа со готовина
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на центар за грижа на корисници
 
Профил на кандидат:
  • Релевантно искуство од најмалку 1 година
  • Познавање на англиски јазик
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Флексибилност за работа од понеделник до сабота
  • Можност за обука во Скопје во времетраење од две недели
Услови од компанијата:
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.
 
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
 
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Advertisement