- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

ОГНЕНОСКИ ЗА ТОП ТЕМА: МАЛ НО НАДЕЖЕН ПОРАСТ НА НОВООТВОРЕНИ ФИРМИ ВО ПРВ КВАРТАЛ ОД 2021

ОГНЕНОСКИ ЗА ТОП ТЕМА - Работник
167views

Огнен Огненоски од Бизнис Мрежа мк гостин во „Топ тема“ на Телма Телевизија.

Во однос на Анализата што ја направи Бизнис Мрежа, која се публикуваше на порталот Пари, што покажуваат податоците, односно колку компании се затворени текот на минатата 2020 година?

Таргет Груп како бонитетна агенција во државата постојано ги анализира и истражува промените на пазараот.

Огненоски:Согласно податоците на Таргет Груп, експерти во областа на управување со деловни податоци, во 2020 година во Македонија згаснати се 6.213 правни лица. Таквата бројка е за 999 помала во однос на 2019 година. Од тука може да се заклучи дека кризната година влијаела позитивно врз одржување во живот на скоро 1.000 компании повеќе во споредба со 2019 година. Ако се земе во предвид фактот што најчесто компаниите вработуваат до 5 лица, може да резимираме дека најмалку 5.000 луѓе ја искористија шансата за задржување на работниот однос, а исто така во иста мера позитивниот ефект се одразува и врз националниот БДП и даночните приходи.

Од 22 сектори во кои се распределени компаниите, само во 8 сектори забележан е пораст на бројот на згаснати компании. Преточено во статистика, бројките се вака: Во дејностите со недвижен имот , имаме зголемување на бројот на згаснати компании за 10%., во Други услужни дејности зголемување за 14%, во Образованието зголемување за 6%, Дејностите на здраствена и социјална заштите 10тина проценти итн.. Сите останати дејности бележат намалување на бројот на згаснати компании. Една важна работа би сакал да напоменам која влијаела на резултатите на Анализата а тоа е дека Владата во текот на 2020 година, условно ја замрзна можноста за отпочнување потака за стечај на компаниите која што траеше неколку месеци, а воедно и најпогодените компании беа финансиски подпомогнати и на овој начин дирекно на некаков позитивен начин влијаеле кон исходот одредени предрпиемачи да се одлучат да не го затворат својот бизнис.

Кои градови најмногу биле погодени?

Огненовски: Анализирано по општини во 2020 година негативниот одраз врз приватниот сектор најмногу се осетил во четири града, тоа се Битола, Крива Паланка, Тетово и Штип. Во овие градови евидентиран е најголем пораст на згаснати компании во 2020 година, споредбено со 2019 година. Предводник на листата е Штип со дури 36 повеќе згаснати компании во минатата година, следат Битола со 22, Крива Паланка со 14 и Тетово со 11 компании. Во овие 4 градови во 2020 година се затвориле дури 943 правни лица, со следната дистрибуција:

Од оние општини каде приватниот сектор успеал да ја преживее турбулентната година, односно евидентирал помал број на згаснати компании во 2020 година, споредбено со 2019 година, за одбележување се градовите Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Велес.

Кои се податоците во првите три месеци од годинава од аспект колку се отворени компании?

Огненоски: Во продолжение накратко ќе ви ги пренесам и бројките на новоосновани пранви лица за овој квартал во споредба со минатот. Односно правам паралелеа на q1 2021 со q1 2020ta иако кварталот сеуште не е завршен веќе бележиме позитивен тренд. Бројот на новоосновани правни лица за периодот од 1ви Јануари 2021 заклучно со 19.03.2021 изнесува 1.704 и претставува зголемување на брјот на основани субјекти споредбено со истиот период годината претходно кога се основале 1.693 правни лица. Стапка на преживување: Ова е обемна анализа но ќе изнесам две важни поенти. Во 2018та година oд основани 7.351 во 2019та преживеале 7.052. односно 96%. во 2019та се основани 7.800 од нив во 2020та преживеале 7.527 односно 96,5% што значи ако ја споредиме стапката на преживување ќе увидиме дека во 2020та година успеале да преживеат повеќе компании за 0,5 процентни поени.

Извор: Пари.мк