ОДЛИЧНА ВЕСТ за сите што скенираат фискални сметки!

Владата, на седницата го утврди текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии.

Со предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ којшто може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.

Односно, се планира највисокиот износ којшто може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице.

Сега, како што појаснуваат од Владата, овој износ по лице и по квартал е до 1.800 денари.