- Advertisement -
Занимливости

Одложено доделувањето на Оскарите

180views

Доделувањето на Оскарите, кои традиционално се одржуваат во февруари, се одложени за два месеци, поради пандемијата на коронавирус.

Оскарите требаше да бидат доделени на 28 февруари следната година, но сега се одложени за 25 април.

Advertisement

Организаторите, исто така, се согласија да го продолжат крајниот рок за прифаќање на филмовите до крајот на февруари 2021 година наместо крајот на декември годинава.

Номинациите ќе бидат објавени на 15 март 2021 година.

Advertisement
Advertisement

Пандемијата веќе ја прекина работата на голем број филмови кои требаше да бидат објавени до крајот на годинава.

Сè уште не е познато дали церемонијата можеби ќе биде виртуелна.

Оскарите досега се одложени само три пати  – за време на поплавите во Лос Анџелес во 1938 година, по атентатот на Мартин Лутер Кинг Џуниор во 1968 година, и по обидот за атентат врз претседателот на САД, Роналд Реган во 1981 година.

Извор: Сител

Advertisement