Германската индустрија ја губи конкурентноста: автомобилскиот сектор најпогоден
Според податоците, 25,4 отсто од компаниите сметаат дека нивната конкурентност на пазарите надвор од ЕУ е влошена. На европскиот пазар проблемот го посочуваат 17 отсто од фирмите.
Најголем удар претрпува автомобилската индустрија – дури 43 отсто од компаниите од овој сектор пријавиле пад на конкурентноста надвор од ЕУ.
Негативните трендови се присутни и кај производството и преработката на метали, хемиската и машинската индустрија.
Експертите од „Ифо“ предупредуваат дека проблемите се структурни, па само економското закрепнување нема да биде доволно за германската индустрија повторно да ја зајакне својата позиција на светските пазари.
Како редок позитивен пример се издвојува германската индустрија за производство на пијалаци, која успеала да ја подобри конкурентноста и во ЕУ и на странските пазари.
Германските компании сè потешко се натпреваруваат на глобалниот пазар, покажува најновата анализа на економскиот институт „Ифо“.