Одржана редовната седница на Регионалниот одбор на СОНК – Охрид
Време за читање помалку од минута
Регионалниот одбор на СОНК – Охрид оддржа редовна седница на која што расправаше за актуелните состојби во дејностите што ги застапува СОНК.
Најголемо внимание се посвети на прашањето за усогласување на платите во основно и средно образование. Без исклучок, сите дискутанти ги изнесоа ставовите од нивните синдикални организации дека усогласувањето мора да биде согласно законот, и дека се подготвени за примена на сите синдикални средства за остварување на својата цел.