Опростување од еден државен празник? „Тоа би донело милијарди евра“
Дали Германците во текот на годините би требало да имаат еден работен ден повеќе? Ако се прашуваат економистите, одговорот е потврден, па предложиле еден од државните празници повеќе да не биде неработен.
Германскиот економски Институт (IW) пресметал колкава би била финансиската корист кога еден од државните празници би бил работен. Според таа процена, БДП-то би се зголемило во распон од 5 до 8,6 милијарди евра. Дополнителниот работен ден БДП-то би го зголемило за 0,2 %. Постојат два различни пристапи на пресметка на финансиската корист од дополнителен работен ден.
Едниот е т.н. календарско усогласување, бидејќи бројот на работните денови се менува од година во година – на пр. Велигден не е секогаш во истото тримесчје. Според овој пристап, БДП-то би се зголемило за 5 милијарди евра, пренесува Кликс.
Другиот пристап е оној кој постоел кога се укинал Денот на покорноста и молитвата како празник, односно неработен ден. Овој пристап подразбира две сценарија – еден е зголемување на производството, а вториот е намалување на трошоци на трудот. Обете сценарија, како што е пресметано, би довеле до зголемување на БДП-то за 8,6 милијарди евра.
Од споменатиот институт укажале на тоа дека голема разлика би имало дали дополнителниот работен ден би бил во текот на летото или зимата.
„Бидејќи кога има мраз и снег, тогаш крановите и онака мируваат“, посочиле од таму.
Освен тоа, укинувањето на празникот како неработен ден би било комплицирано бидејќи германските сојузни покраини имаат различни прописи за празниците.
„Јасно е дека се соочуваме со огромен демографски проблем. Има повеќе луѓе кои ќе се пензионираат отколку што ќе започнат да работат. Така што, не мораме да зборуваме за тоа да работиме помалку, туку повеќе. Во тоа е суштината кога се работи за укинување на државен празник“, вели Кристоф Шродер од IW.
Со ова се согласува челничката на овој институт Моника Шницер. Таа се залага за укинување на државниот празник со цел финансирање на товарот од кризата. Како пример за тоа ја истакнала Данска која пред две години го укинала Големиот молитвен ден како празник, за да обезбеди пари за војската.
Претседателот на минхенскиот Инстутут за економско истражување (ifo) Клеменс Фуест исто така поддржува укинување на еден од државните празници. Како причина за тоа го навел недостигот на работна сила. Подсетил дека нужно е да се зголеми бројот на работни места и да се намали бирократијата.
Но – не се согласуваат сите
Меѓутоа, за германскиот сојуз на синдикати (ДГБ) апсурдно е да се укине државниот празник за државата да има поголем приход. Членката на одборот на ДГБ, Ања Пијел на социјалната мрежа Х објавила дека еден неработен ден помалку нема да ја ослободи економијата. Како што порачала, празниците не се луксуз, туку се важен дел од работната култура, придонесуваат за опоравување на работниците, па со тоа и на нивната продуктивност.
Бројот на неплатените прекувремени часови покажува дека работниците во Германија многу често придонесуваат на економскиот раст и вон своето работно време, пишува tagesschau.
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/fizkes
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025