- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаПравдаСветот на работникот

Оризопроизводителите незадоволни од откупот, се закануваат со протест

По лозарите и оризарите - Работник
254views

Оризопроизводителите од кочанско контра заменик министерот за земјоделие Tрајан Димковски. Јавно го повикуваат да направи увид во документите за да увиди дека оризовата арпа годинава се продава под просекот.

Бараат воведување на нова интервентна мерка од пет денари за по килограм. Сметаат дека само така ќе се спаси досега најлошата година во производството на оризова арпа, пренесува телевизија Алфа.

Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводителството до крајот на неделата на заменик министеротот ќе му врачи и протесно писмо во кое ќе бараат средба со него за да му ја презентираат фактичката состојба, во спротивно излегуваат на протести.

Вчерашната изјава на Димовски дека откупната цена не е под 20денари , дополнително ги разгневи оризопроизводителите кои велат дека оризовата арпа се продава од 16до 19денари, а по фантастични 20 денари се откупи само Сан Андреата.

-Најодговорно тврдам оризовата арпа се откупува од 17 до 20денари. Едно да знае министерот само сортата Сан Андреа се откупува по 20, а има сорти шо се откупуваат и по 16. Тоа што го велат е невистина, изјави за Алфа, Здравко Арсов од Иницијативен одбор за спас на оризопроизводителството.

Со оваа цена не можат да се покријат ни најосновните трошоци за производство, се жалат оризопроизводителите кои се приморани поради лошиот откуп, овогодинешниот род или да го складираат во амбарите или да го продаваат испод цена…

Целата сторија на Алфатв може да ја погледнете тука.