Остварена средба со директори на основни училишта во охридскиот регион
Фејсбук статус на Катерина Крстеска, Претседател на регион Охрид при СОНК:
Во рамките на социјалниот дијалог и партнерство на локално ниво, остварив работна средба со неколку директори на основни училиштата во охридскиот регион. Заедно со претседателите на синдикатите организации и директорите разговаравме за актуелните прашања од областа на образованието, реализација на наставата, работнички права и т.н. Во наредниот период работни средби ќе продолжат и со други работодавачи, со цел да се зајакне соработката помеѓу СОНК како единствен заштитник на работниците во образованието, од една страна и директорите како работодавачи и спроведувачи на локалната образовна политика.

