Отворена дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување Скопје во општина Арачиново
Денес во општина Арачиново беше отворена дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување Скопје, со цел доближување на услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување до невработените лица и нивна поголема информираност за активностите кои ги имплементира институцијата.
На свеченото отворање присуствуваa директорот на АВРСМ Беким Мурати и градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими.
Директорот на АВРСМ Мурати потенцираше дека новоотворената канцеларија во Арачиново има за цел услугите кои Агенцијата за вработување ги нуди да станат подостапни за граѓаните и на тој начин да се зголемат нивните можности за интеграција на пазарот на трудот.
-Во оваа дисперзирана канцеларија која ја отвориме денес невработените лица ќе можат за прв пат да се пријават и редовно да се пријавуваат како невработени лица, како и да добијат информации за сите услуги кои ги нуди Агенцијата за вработување на РСМ. Со тоа ќе ги намалиме нивните трошоци за превоз и ќе овозможиме поголема информираност, со цел нивно вклучување на пазарот на трудот.- рече директорот на АВРСМ Беким Мурати.
Во дисперзираната канцеларија во Арачиново невработените лица ќе може да извадат и потврда дека се невработени како и да добијат прецизни и навремени информации за активните мерки и програми кои се дел од годишниот Оперативен план за вработување кој го имплементира АВРСМ.
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025