ПравдаСветот на работникот

Отпуштен работник на Амазон поради тоа што барал поголема заштита од корона вирусот

   Време за читање 2 минути

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио вчера изјавил дека и наредил на градската комисија за човекови права да отвори истрага за отпуштањето на работник од магацин на Амазон кој учествувал во протестот.

Од Амазон се оградиле од овие тврдења и рекле дека го отпуштиле работникот поради тоа што во ризик ја ставил безбедноста на другите вработени.

Проблемот настанал откако 15 вработени на Амазон во магацинот во Стејтен Ајланд, Њујорк организирале протест поради што имало случаи на заболени од корона вирус помеѓу вработените.

Целосниот број на вработени во магацинот сеуште не бил јасен.

Де Бласио рекол дека и наредил на градската комисија за човекови права да го разгледа наводите за отпуштањето на работникот откако јавно ги изразил грижите за здравјето и безбедноста поради ширењето на корона вирусот.

„Ова е неприфатливо и поради тоа го прекинавме неговото вработување. Ја наруши безбедноста на другите работници“.

Во претходна изјава дистрибуирана од страна на Атена, трудова и активистичка коалиција, Смалс рекол дека ќе продолжи да зборува гласно „се додека Амазон не овозожи вистинска заштита за работниците“.

Летициа Џејмс, Јавен Обвинител на Њујок, во изјавата во понеделникот го нареклаотказот „срамен“, повикувајќи го и Националниот одбор за трудови односи да го разгледа случајот.

„Обвинувањето е поради тоа што укажал на тоа дека загрозена е безбедноста на неговите колеги и бил отпуштен“, рекол де Бласио. „Доколку е така, тоа претставува кршење на законот за човекови права на градот и поради тоа веднаш ќе реагираме.

Амазон постојано ги демантираше наводите од страна на вработениот во магацинот, Кристиан Смолс кој го организирал понеделничкииот протест.

Амазон, најголемиот гигант за онлајн продажба, рече дека Смолс не се придржувал до барањето на компанијата да остане дома 14 дена поради тоа што имал контакт со заболено лице кое било тестирано позитивно на Ковид – 19, болеста прекизвикана од вирусот.

„Господинот Смолс доби повеќе предупредувања за кршењето на социјалната дистанца и во опасност ги донесе другите работници“, рече Кристен Киш, портпарол на компанијата, за Ројтерс.