Пад на бројот на невработени – Граѓаните се помалку се пријавуваат во Агенцијата за вработување
Бројот на невработени граѓани кои бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување на Македонија бележи континуиран пад. Неколку месеци по ред има намалувања на невработените лица, а истата тенденција е забележана и во јули. Со последното намалување на невработените бројот на лица кои се пријавиле за невработени се спуштил под 100 илјади.
Согласно последните податоци на Агенцијата објавени на нивната веб страна, во јули како невработени биле пријавени 98.976 граѓани. Вреди да се напомене дека уште 46.291 лица се пријавиле во Агенцијата како лица кои бараат работа.
Бројките покажуваат дека последниве месеци бројот на невработени граѓани континуирано опаѓа. Па така најмногу невработени биле регистрирани во февруари, кога имало над 106 илјади невработени граѓани. Во март бројот се намалил на над 105 илјади, додека во април невработени биле 103.767 граѓани. Веќе во мај бројот на невработени спаднал на 102 илјади, додека пак во јуни на 101.510 невработени.
Повеќе на Фактор
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024
- Во петок прв официјален Економско социјален совет - 05/12/2024