Пандемијата ја брише опцијата „на боледување сум“

„Револуцијата“ на работата од дома во текот на пандемијата ја подигнала скалата на она што се смета за заболен.

Опцијата „на боледување сум“ изгледа повеќе не постои.

Многу вработени во последните две години работеле од дома, понекогаш дури и со симптоми како треска, неможност да земат здив или мачнини. Многумина и понатаму работат во таква состојба.

Колумнистот во The Economist пишува за појавата на исчезнување на деновите за боледување, во текот на кои вработените кои се болни множат да одвојат неколку дена од работата, обврските и колегите.

Станува се потешко да се земе слободен ден, а тоа не е добро за никого, се наведува во текстот.

Што навистина се случило?

Револуцијата на работата од дома ја променила перцепцијата на она што смета за болест. Поминаа деновите без оптоварување со мисли поврзани со работата или сме без контакт со колегите.

Фото: Freepik

Николас Блум од Универзитетот Стенфорд ги следи навиките на работата од дома уште пред истите да бидат „популаризирани“ од корона кризата.

Во една неодамнешна анализа, тој ги открил резултатите на едно контролирано испитување во голема кинеска мултинационална компанија, каде деновите за боледување паднале за 12 % за вработените кои работат од дома два дена во неделата, во однос на оние кои одат на работа на полно работно време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Economist (@theeconomist)

Не е исто на боледување и работа од дома, а еве и зошто

„Ако имате висока температура или заздравувате од операција на срцето, тешко е да се користат сите алатки за работа. А, ако имате нервен слом, најдобро е истите да ги избегнувате. Деновите за боледување се лек. Тие имаат за цел да ги спречат луѓето да се повредат себеси, своите соработници, клиентите или минувачите на работа. Работата од дома направи пресврт на оваа логика. Ако можете да работите на шанкот во кујната, заклучуваат денешните хибридни работници, зошто тогаш не од кревет – се додека мозокот е вклучен и ЗУМ камерата исклучена?“, стои во колумната.

Многумина сметаат дека би требало да се подвлече црта и доколку е некој болен да не работи.

„Се што треба да се рече е: Имам кашлица, и се плашам дека имам Ковид“, се наведува во еден од коментарите.

Фото: Freepik