- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Пауновски: Без биро и стол инспектори 12 години работеле во тетовскиот Пазарен инспекторат

Пауновски: Без биро и стол инспектори 12 години - Работник
214views
Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски во Тетово присуствуваа на отворањето на новиот објект на Државниот пазарен инспекторат.

„Со овој објект обезбедивме вработување на 43 вработени, за кои можам да ви кажам дека поголем дел од тие вработени до денес, иако се 10, 12 години вработени во Пазарниот инспекторат немаа свое биро, столче, а камоли компјутер“, рече Пауновски.

„Денес сите инспектори се со сопствено биро и столче за седење и сопствени компјутери за да ги обавуваат надлежностите и задачите“, рече Пауновски.

Тој се заблагодари на Владата за завршувањето на новиот објект на Државниот пазарен инспекторат во Тетово.

„За 100 дена добивме просториите, реконструкција и сместување на вработените“ рече Пауновски.