Ни Харвард повеќе не гарантира работа – студент открил низ што поминуваат младите денес
Со години важело дека дипломата од престижен универзитет ги отвора речиси сите врати. Меѓутоа, приказната на еден студент на Харвард покажува дека ни образованието на еден од најпознатите факултети на светот повеќе не е гаранција за лесно доаѓање до работа или пракса.
Дваесетгодишниот студент, кој веќе со години гради кариера во областа на климатската политика и одржлива енергија, се соочил со проблем со кој денес се соочуваат се’ поголем број на млади ширум светот – недостиг од прилики на пазарот на труд, пишува Business insider.
Испратил околу 20 пријави, а одговори во главно не стигнувале
Во текот на потрагата по летна пракса, која меѓу студентите се смета за важен чекор кон идното вработување, се пријавил на околу 20 различни позиции.
Иако зад себе веќе имал работно искуство, како и претходни пракси во Вашингтон, процесот бил многу потежок од што очекувал.
Наместо повици за разговор, најчесто се соочувал со неслух од работодавачите.
Повремено би му стигнало и одбивање, а во еден случај бил известен дека стапката на прифаќање на кандидати за одредена пракса изнесувала севкупно 0,008 %.
„Дури и денес добивам мејлови во кои ме одбиваат, и тоа за пријави кои ги испратив пред неколку месеци“, навел тој.
Проблемот не е само негов
Како што истакнува, низ слична ситуација поминуваат и неговите пријатели од факултет.
Летните пракси, кои некогаш претставувале релативно достапен начин за стекнување искуство, денес станале исклучително конкуретни.
Многу студенти исраќаат десетици пријави, поминуваат низ повеќе кругови на интервјуа и со месеци чекаат на одговор.
Истовремено, бројот на отворени позиции не го следел растот на бројот на кандидати, поради што конкуренцијата стана поостра од претходно.
Генерацијата З влегува на едно од најтешките пазари на труд
Според бројните анализи на пазарот на труд, младите кои денес завршуваат факултети се соочуваат со значајно поголеми предизвици од претходните генерации.
Компаниите вработуваат повнимателно, бројот на почетни позиции е помал, а од кандидатите често се бара искуство кое допрва треба да го стекнат.
Поради тоа се’ повеќе млади луѓе чувствуват несигурност кога размислуваат за периодот по дипломирањето.
Стравот од невработеност станува се’ почест
Студентот на Харвард признава дека посебно го загрижува можноста после дипломирање да не најде работа по струката.
Како што вели, познава апсолвенти кои морале да испратат стотици апликации пред да успеат да се вработат.
Месеци чекање, бројни интервјуа и константни одбивања станале секојдневие дури и за младите луѓе со врвно образование.
На крајот успеал да најде летна пракса, но таа не е платена.
Сепак, смета дека една лоша сезона на аплицирање не мора да одреди нечија иднина.
Пазарот на труд се променил
Оваа приказна покажува колку пазарот на труд се променило во последните години.
Некогаш дипломата од престижен факултет бил речиси сигурен билет за успешна кариера. Денес, меѓутоа, ни студентите на Харвард не се поштедени од конкуренцијата, неизвесноста и долготрајните потраги по прилики.
За многу млади луѓе тоа е јасен знак дека успешната кариера повеќе не се подразбира, туку дека бара упорност, прилагодување и многу повеќе трпение од претходно.
Извор: Bizportal

