ЕкономијаМакедонијаНовости

Пензионерите ќе може да ги трошат парите во продавници кои ќе ги одреди Владата, парите ќе треба да ги потрошат до 25 декември

Пензионерите ќе може да ги трошат парите - Работник
607views

Во Собранието стаса законот за финансиска поддршка на граѓаните – предвидува на сметка да добијат по 6.000 денари граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Конечната листа кој се ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk откако Законот ќе биде изгласан во Парламентот и ќе биде објавен во Службен весник. Кога ќе се стаса со ова законско решение е непознато, затоа што материјалот само што е пратен во собраниските служби, но во него стои дека парите кои ќе ги добијат граѓаните ќе треба да ги потрошат до 25 декември годинава.

Повеќе на Фактор,мк