ЕкономијаМакедонијаНовости

ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА МИНИМАЛНИ ПЕНЗИИ: Битиќи најави пакет антикризни мерки за финансиска поддршка на граѓаните

   Време за читање 1 минута

Вицепремиерот, Фатмир Битиќи во гостување на ТВ Канал 5, најави дека наскоро ќе има нови мерки за финансиска поддршка на граѓаните, пакет антикризни мерки, а со Закон за минимална пензија ќе се заокружи процесот на реформи.

Тој посочи дека Владата предводена од СДСМ со системски решенија и навремени мерки го поддржувала стандардот на граѓаните и компаниите во време на кризи и така ќе продолжи и дека пензионерите ќе бидат дел од новиот пакет антикризни мерки.

-Имаме разбирање за сите барања на пензионерите, затоа и минатата година и оваа година имаше антикризни мерки и пакети за поддршка, енергетски пакет, пензионерите ќе бидат опфатени и со новиот пакет антикризни мерки. Заради тоа што имаме разбирање. Законски обезбедивме два пати годишно усогласување на пензиите и досега два пати се зголемија, значи дава резултат, пензиите растат. Ние сакаме системски решенија. Дополнително со носење на нов Закон за минимална пензија ќе го заокружиме процесот на реформи. После тоа ќе зборуваме за многу поубави работи за пензионерите, рече Битиќи.