Пензионерскиот синдикат на Македонија и ФЕРПА со честитка по повод 1-ви октомври – Меѓународниот ден на пензионерите: Бараме воведување на минимална пензија
Пензионерскиот синдикат на Македонија на сите пензионери и постари лица им го честита 1-ви октомври – Меѓународниот ден на пензионерите.
Како синдикат, уште од нашето формирање се залагаме за унапредување на социо-економскиот статус на пензионерите во Македонија и континуирано предлагаме мерки со кои би се подобрил истиот.
Во оваа прилика сакаме да го поздравиме зголемувањето на пензиите за 2,500 денари од овој месец, но и да порачаме дека и покрај ова зголемување и она коешто ќе се случи во март 2025, кога пензиите ќе се зголемат за истата сума, пензиите се‘ уште не се доволни за пензионерите да имаат пристоен живот. Воедно бараме и да се воведе минимална пензија.
Во продолжение ќе споделиме дел од честитката која ни ја испратија од Европската федерација на пензионери и постари лица (ФЕРПА), каде што членуваме.
„Сите организации на ФЕРПА ја користат можноста од 1 октомври да се мобилизираат, со цел да се слушне нивниот и гласот на постарите. Тие исто така, имаат намера да потсетат на нивните приоритетни барања:
- Автоматско индексирање на сите пензии врз база на платите или цените
- Воспоставување на минимална пензија, над прагот на сиромаштија и еднаквост помеѓу мажите и жените во однос на прашањата кои се однесуваат на пензионерите
- Право на долгорочна, квалитетна здравствена заштита за сите
- Право на квалитетно домување земајќи ги предвид потребите на старите лица и
- Право на пристап до енергија и основни услуги.“
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024
- Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти - 12/10/2024