- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСиндикат

Пензионерскиот синдикат стана дел од најголемата федерација на пензионери во Европа, а не може да се регистрира дома

525views

На ден 26.11.2020 година Пензионерскиот синдикат при Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, со едногласно гласање на 70 делегати, стана дел од Европската Федерација на пензионери и постари лица – ФЕРПА, истакна Претседателот на синдикатот, Марјан Спасовски.

„Ова е едно големо признание за Пензионерскиот синдикат на Македонија кое доаѓа од толку реномирана организација како што е ФЕРПА. Таа претставува 9 милиони пензионери и постари лица во Европа. Чест е да се стане дел од неа“, рече Спасовски. 

Тој посочи дека голем проблем е што дома, во Македонија, синдикатот не е регистриран, поради тоа што, како што вели биле одбиени од Министерството за труд и социјална политика, а според него тоа се коси со членот 11 од Европската конвенција за човекови права која Македонија ја има потпишано во 1997 година.

Спасовски порача дека борбата за синдикални права продолжува и дека тие нема да се откажат до последен момент.

„И ние како пензионери имаме синдикални права коишто сакаме да ги исполниме. Ќе се трудиме и понатаму да го исполниме тоа и ќе се бориме за синдикалните права на сите пензионери “, порача Спасовски. 

 

 

Advertisement