Светот на работникот

Како една ситница може да ја расипе целата компанија: Што не’ учи теоријата на скршен прозорец

Поголемиот дел од луѓето веруваат дека промените настануваат поради големи настани. Меѓутоа, една од најпознатите теории од социологијата и психологијата го тврди токму спротивното – дека големите проблеми често започнуваат од наизглед неважни детали. Оваа идеја е позната како Теорија на скршени прозорци (Broken Windows Theory).

Називот потекнува од едноставен пример. Ако на зградата остане скршен прозорец кој никој не го поправа, тој испраќа порака дека никој не води сметка за тој простор. Набрзо се појавуваат нови скршени прозорци, графити, отпад и други облици на непочитување на правилата.

Малата неправилност станува сигнал дека дозволени се и поголеми отстапувања.

Зошто малите работи се толку важни?

Луѓето не носат одлуки само на основа на формални правила. Голем дел од однесуваањата ги обликува она што го гледаат околу себе.

Ако вработените видат дека состаноците редовно се помрднуваат за десет минути, и самите ќе започнат да доцнат. Ако никој не одговара на мејловите на време, ќе се забави целата комуникација. Ако се толерираат површно завршените задачи, квалитетот на работата постепено ќе опаѓа.

Со други зборови, луѓето често ги следат нормите кои ги гледааат во пракса, а не оние кои ги пишува во правилниците.

Како теоријата се применува во компаниите?

Многу организации вложуваат големи ресурси во стратегиите, процесите и интерните политики, а истовремено ги занемаруваат секојдневните детали кои всушност ја обликуваат културата.

Еден директор кој постојано ги прекинува соговорниците може да испрати појасна порака од десет работилници за меѓусебно почитување.

Еден менаџер кој одговара на пораките во текот на годишниот одмор може да создаде очекување дека вработените се постојано достапни.

Една толерирана непријатна личност во тимот може долгорочно да ја наруши атмосферата повеќе од било кој деловен проблем.

Културата не се гради со слогани

Компаниите често зборуваат за вредности како одговорноста, транспарентноста и тимската работа. Меѓутоа, вработените многу повнимателно го набљудуваат однесувањето од декларациите.

Ако организацијата тврди дека ја почитува рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот, а раководителите испраќаат пораки после полноќ, вработените ќе веруваат на однесувањето, а не на слоганот.

Затоа организациската култура настанува низ стотина мали секојдневени постапки.

Како да се спречат „скршените прозорци“?

Најуспешните организации не чекаат проблемот да стане голем. Тие обрнуваат внимание на малите знаци. Доцнењата не се подразбираат. Комуникацијата останува професионална. Договорите се почитуваат. Проблемите се решаваат додека се мали.

Лидерите со своето однесување им даваат примери на другите. Таквиот пристап не делува спектакуларно, но долгорочно прави огромна разлика.

Теоријата на скршени прозорци не потсетува дека културата не пропаѓа преку ноќ. Таа се менува постепено, низ ситни нешта кои одлучуваме да ги игнорираме.

Истото важи и за успехот. Ретко настанува благодарение на еден голем потег. Многу често е резултат на секојдневните навики, стандарди и однесувања кои доследно ги одржуваме.

Бидејќи понекогаш еден „скршен прозорец“ не е само ситница – туку почеток на поголем проблем.

Извор: BIZLife