Пет причини зошто да склопувате Лего коцки со вашите колеги
Преку склопување на лего коцки можете да раскажете било која приказна. Можете да креирате свет од вашата имагинација, но исто така и да ги решите проблемите на работа. Да ја подобрите соработката и комуникацијата со вашите колеги и истовремено да ги развиете своите лични вештини и памтење.
Склопувањето на лего коцки е повеќе од игра. Тоа е сериозен процес кој на многу начини влијае на когнитивниот и моторичкиот развој. Ова се петте клучни причини поради кои треба да ги користите лего коцките:
- Развој на моторните способности
- Тимиска работа и комуникација
- Отпорност и упорност
- Решавање проблеми
- Креативно размислување
Поединците, компниите и организациите кои сакаат да ја унапредат соработката помеѓу тимот, да ја зголемат продуктивноста, да придонесат кон ефикасно носење на одлуки и да помогнат во создавањето на иновативни решенија се насочиле кон нова методологија која креира нов начин на работење: едноставно, склопуваат лего коцки заедно со своите вработени.
Lego Serious Play методологијата влегла лесно и тивко на голема врата во компаниите и претставува револуција во работењето, особено во структурите каде акцентот за пронаоѓање на решение и креирање на добри односи е ставен на колегите.
Lego® Serious Play® претставува демократски пристап кој им овозможува на сите учесниците да ги споделат перспективните и колективната интелегенција преку правење на модел со помош на лего коцките и групниот дијалог. Методата е осмислена од страна на експерти за организациски развој и концпетот Play Serious (Сериозни игри) од Lego® Групата. Базирана е на верувањето дека секој член на тимот/организацијата треба да даде придонес и да биде дел од решението на деловниот предизвик.
Како се игра играта?
Во специфични вежби се користат Лего коцки како алатка за градење на деловните модели кои метафорично претставуваат предизвици во тимот. Креираните модели служат како основа за групни дискусии, размена на знаењата и решавање на проблемите, ккаи и помагање во поттикнувањето на креативното размслување и пронаоѓање на единствени решенија. Сериозна игра, колку и да звучи парадоксално, е процес кој помага работењето да функционира многу подобро и го овозможува она што им недостига на голем број од бизнисите: креативност, страст и инспирација.
За секоја поединечна работилница се осмислува единствена програма која овозможува максимално ниво на соработка помеѓу учесниците. Сите предизвици се планирани со цел да го активираат или разбудат креативното размислување, да развијат соработка и ги насочат учесниците заеднички да креираат решенија.
Работилницата ја води Сертифициран Lego® Serious Play® фацилитатор (модератор), обучен да ги следи членовите на тимот, да ги запазува нивните потреби и да го насочува тимот кон заеднички успех.
Работна задача на учесниците е посебно дизнајнирање на лего коцките. Задачата која ѝ се поставува на групата и елементите кои ги користат учесниците, создаваат амбиент кој ги преминува сите менатални обрасци на кои се навикнати тие.
Начинот на кој работиме со стратегијата се менува. Една од водечките промени е Lego® Serious Play®. Оваа иновативна методологија споила стотина илјади луѓе ширум светот. Иако живееме во дигитална ера, која овозможува неверојатни можности за вмрежување на луѓето, стариот, добар Лего е опиплив, забавен и креативен начин за луѓето да се дружат меѓусебе, да се смејат, конструктивно да расправаат и да ги пронајдат најдобрите резултати од своето работење.
Извор: BIZLife
Фото: www.LSP.r

