- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Пешевски: Конвенциите имаат сила на Закон, но не се применуваат во пракса

Пешевски: Дел од градежните компании - Работник
468views

Што се однесува на конвенцијата 167 на МОТ би напоменал дека во голем дел, иако не е ратификувана одредбите се содржани во Законот за Безбедност и здравје при работа кој пак е повеќе пати менуван до сега и дури имаше иницијативи пред две години да се донесе нов, но до денес тоа не се случи, вели заменик претседателот на синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Р. Македонија – СГИП, Иван Пешевски, на прашањето на порталот Работник дали ратификувањето на Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот, бр.167 од 1988 година за безбедност и заштита во градижништвото би придонела за поголема безбедност на градежните работници. 

„Како претставници на Синдикатот сметаме дека многу треба да се поработи најпрвин во пракса пред да се напише одредена теорија. Многу одредби никогаш и не се примениле односно едно е она што е пропишано во Законот, а друга е сликата помеѓу работниците на терен. Со други зборови кај нас недостасува огромна примена на законите за кои е задолжен Инспекторатот“, вели Пешевски. 

Advertisement

Истакна дека во секторот градежништво при Државниот инспекторат за труд нема ниеден градежен инспектор додека во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, вели дека синдикатот не видел преземање на некои поригорозни мерки па одреден случај да заврши со санкции, затворање градилишта, одземање лиценци за работа и слично, а според него, тоа го заслужуваат голем дел работодавци од овој сектор, бидејќи ниту почитуваат социјален дијалог, ниту закон и голем процент работата ја обавуваат на црно односно со непријавени работници каде работниците воопшто не смеат да се организираат и основаат синдикат или пријават прекршување на нивните права.

Пешевски напомена дека ратификуваните конвенции на МОТ кои во моментов се важечки во државата имаат сила на Закон. Како што вели, тоа значи дека и синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија – СГИП, на своја иницијатива во 2010 -та година спровел активности да се ратификува и тоа се случи на 06.09.2010 – та, Конвенцијата 94 за трудовите клаузули во јавните договори. Оваа конвенција се однесувала и била поврзанаа со Законот за јавни набавки, но во голема мера не се почитува. Економските и социјалните клаузули кои ги содржи успеваат дел од владата и работодавците да ги искористат во нивна корист без притоа да помислат на најважната алка во системот – работниците. посочи Пешевски. 

Advertisement
Advertisement

Прашан за тоа што според синдикатот би требало да се направи за да практично се применуваат ратификуваните конвенции за заштита на работничките права, Пешевски наведе дека едноставно само треба да се спојат со Законите и нивна примена од страна на институциите на системот.

„Тие секако имаат иста тежина со Закон и навистина не знаеме зошто тоа во пракса не се применува. Веројатно е слабиот инспекциски надзор и желбата на државата да се надминат овие проблеми во сите сфери. Недоволниот кадар наспроти високата стапка на корупција која години наназад го “подјадува” системот. Доколку се докажало низ годините дека ваквиот пристап е еден вид канцер тоа требало одамна да се замени со нова метода која би спровела закон на терен, можеби независни инспекции од државата, бидејќи секако се е платено од граѓаните, а за возврат ништо не е добиено“, вели Пешевски. 

Посочи дека треба да се расчисти еднаш засекогаш со сивата економија која во моментов е со огромен процент и прави нелојална конкуренција на оние работници и работодавци кои почитуваат Закон и Социјален дијалог. Потенцираше дека со тоа би се намалила и стапката на невработеност особено на младите луѓе кои немаат никаков избор по завршување на формалното образование.

Според него, кога сите овие работи би ги ставиле во една рамка и сите ја почитуваме, ќе видиме дека системот на вредности сам по себе ќе донесе бенефит за работниците, за работодавците и за самата држава.

Пешевски напомена дека како единствен репрезентативен синдикат изготвиле цела студија во 2012 – та година за тоа колку е итна и потребна промена на „Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот за осигурување се смета со зголемено траење“, односно да се вметнат сите работни места од секторот градежништво и индустријата за градежни материјали кои се со висок степен на ризик и изложеност на надворешни влијанија и конечно тие вработени си го добијат правото на бенефициран стаж, но, како што вели, иако најавуваа и прифаќаа дијалог со Синдикатот, немало политичка желба од ниедна влада до сега и тоа не е сторено.

Имено, ова прашање опфаќа голем број работници кои се најзаслужни преку секторот во подигнување на Бруто домашниот производ во земјата.

 

Бобан Илијевски

Advertisement