МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Писмо од полицајка која била жртва на мобинг

   Време за читање 15 минути

Фејсбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија:

СЕ СЛУШНА ГЛАСОТ НА КОЛЕШКАТА! ВЕ ОХРАБРУВАМ СИТЕ ЗА ВО ИДНИНА ДА СЕ ЧУЕ И ВАШИОТ ГЛАС!

📷Почитувани, пред само неколку дена од еден од Синдикатите во МВР бевме “обвинети” дека се што произнесовме на прес пред СВР Куманово “не било така”. Дали е така или не најдобро знаат колегите од СВР Куманово. Најбитно е тоа што како Синдикат во иднина НЕМА да дозволиме НИКОЈ да си игра со достоинството на полицискиот службеник. Вознемирувањето на работниците МОРА ДА ПРЕСТАНЕ!
Во прилог текст од писмо што ни испрати колешка што е вознемирувана подолго време. Бараме ОВККИПС и Министерот да преземат мерки оваа појава кај наведениот работник како и кај сите останати работници во Куманово да престане.
ПС: Вакво исто писмо со ист текст е испратено до останатите два Синдикати во МВР.
Писмото во прилог:📷📷

“Во врска со одржан прес со новинари од страна на Синдикат на Полиција на ден 03.09.2020 год. каде изнесоа податок дека секојдневно вознемирување на колешка пред пензија која секојдневно регулира сообраќај спротивно на опис и попис на нејзини работни задачи по работно место, Ве известувам дека Таа колешка сум Јас.

Јас сум член прво на МПС долги години наназад, потоа на Независен синдикат и отскора и на Синдикат на Полиција., и најостро се оградувам од секакви препукувања, припадности и поделености што за жал го слушнав и читав деновиве ме вознемриува и разочарува, но јас како член на сите 3 Синдиката Ви се обраќам на сите за своја заштита која ја барам од сите Вас Синдикални претставници.
Поради тие мои изјави двајцата не престануваа со отворено покажување на нетрпеливост кон мене, омаловажување, во однос дека не сум ја сфатила работата, не знам план да направам, не знам белешка да напишам и слично.

Не праќаа на терен посебно мене и мојот колега во сред лето, пешки, а таа се смееше дека тоа е добро за реума. Одеа на терен по нас и ни правеа проверки а мене само секогаш наоѓаше причина усмено или писмено да ме предупреди очигледно и со тенденција водејќи ме кон нова Дисципнска постапка.

Истите ме праќаа на терен во ек на летото кога наши иселеници беа присутни и поради гужва во собраќај да регулирам сообраќај на раскрсници низ градот и да расчистувам тезги на Зелен пазар во постојана контрола од страна на началникот на ОП, поминувајќи цел ден покрај мене каде сум поставена, а заедно со други самостојни Инспектори од превенција и од ОП .
Поради гужви кои се создаваат и хаос по раскрсници морав и бев принудена да влезам во раскрсница и да регулирам собраќај кој на се личеше, но не на професионално и стручно регулирање, туку на смешен циркус гледајќи од страна на граѓаните, затоа што никогаш во работен век не сум го работела тоа, ниту имало таква обука и никогаш не сум работела во собраќај.

Сите вработени во СВР се смееја на нивни очигледни тортури и срамови и постојано ни се вршеа контроли со нивна очигледна намера беше да се најде пропуст за да ни се поведе Дисциплинска постапка.
На зелен пазар расчистував паркирани возила, ми даде и свирче шефицата со смеење ако не е добро ќе ми набави друго.

На раскрници, по зелен пазар сме биле јас, како и сите други самостојни инспектори. ПРЕДЛАГАМ СИТЕ ДА ГИ ПОВИКАТЕ И ПРАШАТЕ.
Но, според погоре двајца наведени при една таква работа додека ме распоредија на Зелен пазар да се регулира сообраќај поранешниот началник на ОП цел ден ми вршеше контрола и тоа 5 дена пред да замине во пензија и како виде дека стојам на место немаше што друго да направи па во еден момент скокна од колата и почна да негодува дека имало тезги нерасчистени па во таа прилика Командирот на ПС за БПС во незгодна состојба и тој почна да ги брка Ромите кои се чудеа што му е на тој, кој е тој цел ден седеа и околу 15 час ги избрка, па поведен од ова, изготвил сл.белешка во која имало наводи дека поминал и мене не ме затекнал на место па таквата белешпка ја дал на Командирот на ПС за БПС да потпише. Тој одбил велејќи дека не може такво нешто да стори па началникот на ОП изготвил друга белешка, а тврдам дека шефицата му ја пишувала, дека сум стоела на една улица а требало на друга кое е спротивно на издадената наредба и тоа што тој напишал, , имаше и полицаец со мене, наведоа дека поминал во контрола а мене ме немало, а ние со УПС уредно се јавивме во дежурна служба за користење пауза 15/20 и тоа беше уредно заведено кај Дежурниот.На пазар беше присутен и самостоен инспектор за ЈРМ.
Ми поведоа Пак Дисциплинска постапка и со исти наводи повторно.Насилнички се однесува и предизвикува неред во работа со потешко кршење на работен ред и дисциплина и со погоре наведени наводно мои пропусти.

Од страна на Комисија за Дисципнска постапка е донесена одлука да бидам ослободена поради немање основ ниту пропуст и вина, и за истото сум ослободена односно поведната Дисциплинска постапка од страна на СВР Куманово истата се отфрла како неоснована од страна на Министерот.

📷📷📷Според изнесеното Почитуван Претседателе Гин Кицев, состанок што сте го имале на ден 04.09.2020 по барање на СВР Куманово и засегнати страни, гледате дека информации кои ви се дадени не се точни во поглед на колешката односно мене, иако знаат дека Јас сум таа, ниту пак се точни демантите на СВР Куманово кои ги изнесоа во Новински Куќи Либертас и Опсервер.МК,а кои беа објавени по социјалните мрежи.Нема друга колешка по раскрници, пазари, тезги а е самостоен инспектор.Нема друга таква која ја малтретираат и прават контроли со цел да најдат причина да поведат Дисциплинска постапка. За ова Ве известив ден претходно со молба за моја заштита како член на МПС и помош од Синдикатот… клипот кој Ви го пратив од пресс на СПМ ви кажав дека се зборува за мене, па ветивте дека нареден ден ке дојдете и ке ме посетите на место пред Банка и сами се уверите.Не знаев за вашата посета дека сте биле викани од раководство на СВР по пресс на СПМ се додека не прочитав на страна на МПС дека ве известиле дека нема малтретирана и вознемирувана колешка.

По се ова изнесено имате согледување зошто набрзина ве викаа и зошто се бранат не ми е јасно.
Ве чекав на улица пред банка лично да се уверите, а претставникот од МПС кој што е присутен на состанокот е сведок на се ова и бил присутен секогаш како член од МПС на Дисциплинските постапки против мене и знае против кого се води хајката и кои Самостојни инспектори регулираат собраќај, расчистуваат тезги и воспоставууват ред пред Банки.

Три години сум со под постојан притисок, тортури психички, вознемирување во тек на секој ден на било кој начин. Работа во услови за страв што ке се случи денес или што ме чека утре. Дали Вие можете да разберете такво нешто. Дали Вие сметате дека попусто се обраќам до сите Вас 3 синдиката ???
Дали сметате Почитувани дека јас со 29 год раб искуство, со 15 години непрекината работа како инспектор по тешки кражби и разбојништа каде со моја работа и докажани криминални дела Стотици и стотици лица се осудени на ефективни казни затвор, дека не знам да одржам предавање на деца по училишта за дрога, алкохол, трговија со луѓе или не знам да им појаснам на деца во градинка дека треба да поминат на зелено светло на семафор или само на пешачки премин. Ете ова

Почитувани, според двајцата погоре наведени не го знам. Сега тој е во пензија но истата Таа во секоја прилика И ДО ден денес ме оцрнува кај Началникот на СВР , а од ПРИЧИНА што по неа СУМ ОТИШЛА ВО ОТСЕКОТ ДА И ГО ЗЕМАМ МЕСТОТО, И поради тоа што негодувам во поглед на нејзини остварени прекувремени часови, дискриминација, секојдневно вознемирување, рушење на секое човечко достоинство, и цел само да бидам напаѓана со Дисциплински постапки и моја промена, намалување на плата и други последици..
ПОЧИТУВАНИ, од моја страна има доставувано и сл.белешки до Началникот на СВР Куманово за вознемирување, малтретирање, психички притисок во работата од страна на двајца наведените, дискриманиција, омаловажување во работата, закани по работното место, но не вродило со плод и подобрување, па поради тоа 2019 год имам поднесено Известување за мобинг од страна на мојот шеф до Началникот кој ми кажа дека неможам да го докажам мобингот и во таа прилика ми понуди да си поднесам барање за промена на работно место.
Секако дека не поднесов такво барање, а барањето –известувањето за Мобинг го ставив во мирување пред пом.Началник на СВР со ветување од негова страна дека тој ке преземе мерки и тоа ќе сопрело и побара од мене да изготвам службена белешпка дека нема да преземам понатамошни мерки, кое не сопре…

Сега од 31 август пак сите самостојни инспектори и Јас, пак бевме распоредени надвор пред Банки со колеги од ПС и деца приправници од 09 до 15 часот, а цел ден по неколку пати поминуваат во контрола Началникот на СВР и Началникот на ОП, која ја сметам за притисок и намерна тенденција да се предизвика последица со поведување Дисциплинска постапка..
Според мојот шеф ова наше ангажирање по Банки пазари било од Проект на Превенција Соработка со заедница, а дали е тоа така покажува фактот што на терен пред банки и пазари ние преземаме мерки да не дојде до нарушување на јавен ред мир, спречување на сообраќајни прекршоци???

Не знам кои се причините за ваков притисок, малтретирањето од секојдневни притисоци, стрес, страв, нарушување на здравјето, а и очигледна намера да се исценира Дисципнска постапка со последици по работно место.

За напомена, срамно е и жално какви притисоци се ова и се прави врз жена од 52 години, самохран родител, мајка, сопруга на нивен колега кој трагично загина 1994 год како полицаец кој во моментот беше на извршување на службените задачи на пат кон Скопје а во тек на Изборниот процес, па поради сето наведено прашувам, каде е нивната професионалност, каде им се човечките чувства, вредности , каде им е доблеста да се ангажираат моето дете да се вработи?? .

Поради сето ова доста е, нема веќе ,ми го згазија секое човечко достоинство, Ми го згазија сопругот, децата и внуци во кои му се колнев на Началникот на СВР , во обид да ја докажам својата невиност и дека со ништо не предизвикувам причини за вакви малтретирања, но се заборавија, не се уморија и не престанаа решени да ме уништат……овде е крајот.

Јас не можам да поднесувам вакви тортури повеќе, многу ме истрошија, многу енергија ми земаа, многу ноќи неспиени и многу солзи пролеани за нанесена неправда, морам да се борам за своите нарушени права, тортура, вознемирувања, создавање неподносливи услови за работа, нарушено здравје.

Срамно и жалосно..
Ова нека му го објаснат на Министерот, лажат на состанок со МПС, лажат од страв дека се ке се дознае, нивна удруженост и меѓусебна подршка и истрајност во малтретирање на други., па напаѓаат други, мене, синдикати, колеги, и секој кој ја зборува вистината а мерка е исценирана –фингирана Дисциплинска постапка и тешки последици по работа, здравје и понатамошно работење.
Од вас Претседатели на Синдикатите, МПС, Независен Синдикат и СПМ, барам најсилна подршка, помош и моја заштита, да излезете на терен и ги согледате овие состојби и истото најпрофесионално да му го изнесете на Министерот без прикривање или површно испитување на состојбата околу мене на било кој од Вас како преставници на Синдикатите, и превземете сите неопходнни мерки мерки во Ваши надлежности за стопирање на ваквато малтретирање во работа кое тврдам го сметам за директна закана врз мене, работно место,и здравјето.
За напомена Ви укажувам и Ве молам, во јавност на пресс пред новинари, да не го изнесувате моето име поради заштита на моите деца и семејството, знаат тие во СВР Куманово кого малтретираат, додека пред Министерот и другите слободно да изнесете дека таа вознемирувана колешка сум јас.”📷📷📷📷📷📷📷