Платите прво им пораснаа за 78 %, па сега уште за 400 евра – СДСМ преку соопштение се „испофали“ дека просечната се зголемила на 39,000, а минималната ќе се зголеми на 22,500
Владејачката СДСМ соопшти дека во март годинава следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари.
-Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата за 4 пати. За само неколку години СДСМ ја зголеми минималната плата за над 100% во споредба со времето на ДПМНЕ. Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, за разлика од времето на ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари, велат од СДСМ.
Според партијата, законските решенија донесени во нивното владеење е основа на растот.
-Денес, просечната плата е за 300 евра повисока во однос на 2016 година. Воведовме законски решенија, коишто во себе содржат методологија за раст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата. Со СДСМ платите и пензиите ќе продолжат да растат, велат од СДСМ.
- Потпишан Протокол за Соработка меѓу СПМ и НСПЦГ - 16/05/2025
- На петгодишната од своето постоење СПМ одржа Собрание - 16/05/2025
- Орце Коцевски реизбран за претседател на СПМ - 16/05/2025