- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Плаќање на работа во смени

4.57Kviews

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

Тема: Плаќање на работа во смени

Advertisement

Согласно членот 124-а од Законот за работните односи, работодавачот може работата да ја организира во смени, а тоа значи дека работното време не е на единствен начин организирано и истото се менува во согласност од потребите на работата. Работата најчесто се организира во две или три смени, но тоа не значи дека работодавачот може заради природата на работата да предвиди и поголем број на смени (ако се работи со скратено работно време).
Согласно членот 24 Општиот колективен договор за приватниот сектор од стопанството се предвидува зголемување на платата на вработениот за 5% доколку се работи во три смени!
ПОГРЕШНО Е да се смета дека зголемувањето се однесува доколку се работи во 2 смени!
ПОГРЕШНО Е да се смета дека различните додатоци на плата по различни основи меѓусебе се исклучуваат! МОЖНО Е да се комулираат додатоци на плата по различни основи!
ПОТРЕБНО Е да се размисли дали со измена и дополнување на КД треба во иднина да се зголеми опфатот на членот 24 и на вработените кои работат константно во 2 смени!?
проф. д-р Лазар Јовевски

Advertisement

Advertisement